Толбачик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Толбачик
Tolbatschik aus Südwesten.jpg
Остри Толбачик од југозапад
Највисока точка
Надм. вис.3.682 м
Истакнатост2.190 м [1][2]
Координати55°49′51″N 160°19′33″E / 55.83083° СГШ; 160.32583° ИГД / 55.83083; 160.32583Координати: 55°49′51″N 160°19′33″E / 55.83083° СГШ; 160.32583° ИГД / 55.83083; 160.32583[1]
Географија
МестоКамчатка, Русија
Геологија
Старост на карпатаплеистоценска
Видштитест вулкан и стратовулкан
Последен избув2012-2013
Искачување
Најлесен патпросто искачување по карпи/снег

Толбачик (руски: Толбачик) — вулкански состав на полуостровот Камчатка, источна Русија. Се состои од два вулкана, и тоа зарамнетиот штитест вулкан Плоски Толбачик (3.085 м) и стрмниот стратовулкан Остри Толбачик (3.682 м).[3] Бидејќи второспоменатиот е повисок, целата планина понекогаш го носи името „Остри Толбачик“. На Камчатка, северно од Толбачик постои и друг вулкан со име Остри, кој е неповрзан со него.

Активност[уреди | уреди извор]

Вулканот настанал во плеистоценот активен веќе неколку илјади години, но најзначајниот избув се случил во 1975 г. и е наречен „Голем расцепен толбачички избув“ (Большое трещинное толбачинское извержение) На настанот му претходела земјотресна стихија, која им овозможила негово успешно предвидување од стручњаците во Институтот за вулканологија и сеизмологија. Избувот создал неколку нови згурни конуси и исфрлил толку многу лава, што се смета за најголем базалтен избув на Камчатка во забележаната историја.

На 27 ноември 2012 г. низ двата расцепа (останати од последниот настан) почнал да се одвива стромболски тип избув. Поради базалтниот состав, лавотекот се движел мошне брзо и наскоро ги преправил градбите оддалечени 4 км. Активноста траела повеќе од еден месец, постојано прелевајќи ја околината.[4][5][6] Лавата стигнала на растојание од 20 км од пукнатините на јужното крило на планината. Според надлежните стручњаци[7], избувот сè уште трае.[8]

Минералогија[уреди | уреди извор]

Фумаролните наслаги на Тобалчик имаат мошне необичен состав до таа мера што до септември 2017 г. се пронајдени дури 100 нови минерали, меѓу кои аларзитот и толбахитот.[9]

Погледи[уреди | уреди извор]

Остри (лево) и Плоски Толбачик (десно) од југоисток, сликани во 2015 г.
Глетка од 360° на згурен конус од избувот во 1975 г. Врвот на Остри Толбачик е меѓу облаците десно.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Russia: Kamchatka and the Russian Pacific Islands Ultra-Prominence Page — Peaklist.org посет. 26 ноември 2011 г (англиски)
  2. "Mount Ostry Tolbachik, Russia" — Peakbagger.com посет. 26 ноември 2011 г (англиски)
  3. Толбачик — summitpost.org посет. 26 ноември 2011 г (англиски)
  4. Edwards Ben, Belousov Alexander, Belousova Marina, Volynets Anna, Melnikov Dmitry, Chirkov Sergey, Senyukov Sergey, Gordeev Evgenii, Muraviev Yaroslav, Izbekov Pavel, Demianchuk Yury (2013) Another “Great Tolbachik” Eruption? // Eos, Transactions American Geophysical Union. V. 94, № 21. P. 189-191. - ISSN Print: 00963941. - doi: 10.1002/2013EO210002.
  5. Volynets Anna, Melnikov Dmitry, Yakushev Anton, Tolstykh Maria (2013) Petrology and geochemistry of the New Tolbachik Fissure Eruption volcanic rocks and their evolution during the first two weeks of eruption // IAVCEI 2013 Scientific Assembly, July 20–24, Kagoshima, Japan. P. 743.
  6. Volynets A. O., Melnikov D. V., Yakushev A. I. (2013) First data on composition of the volcanic rocks of the IVS 50th anniversary Fissure Tolbachik eruption (Kamchatka) // Doklady Earth Sciences. V. 452, № 1. P. 953-957. doi: 10.1134/S1028334X13090201.
  7. Камчатская группа реагирования на вулканические извержения (КВЕРТ)
  8. Сателитска снимка направена на 22 декември 2012 г.
  9. „Tolbachik volcano“. Mindat. конс. 12 January 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]