Прејди на содржината

Тодор Јовчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Јовчевски
Јовчевски во 2016 година
Роден/а1963 (воз. 60–61 г.)
Битола, СР Македонија, СФРЈ
ЗанимањеПисател
НационалностМакедонец
НародностМакедонец
Апсолвент наЕкономски факултет - Прилеп
Период1988-денес
Предметпроза и детска книжевност
Книжевно движењесовремена македонска книжевност

Тодор Јовчевски — роден во Битола на 28 мај 1963 година. Тој е македонски раскажувач, романописец и автор на книги за деца.

Животопис

[уреди | уреди извор]

По професија е дипломиран економист, долгогодишен член на Книжевна младина во Битола и долгогодишен член на претседателството на Книжевна младина на Македонија. Бил стечаен управник на Битолската издавачка дејност „Мисирков“ и за две години стечајна постапка објавил повеќе од 15 книги и го обновил периодичното списание „Развиток“. Во периодот од 1999 до 2008 година, беше директор на издавачката дејност „Развиток“ каде се објавени повеќе книги и публикации. Завршил средно образование во „Јосип Броз Тито – Битола“ и Економски факултет во Прилеп.

  • Мудростите на еден фрик (афоризми);
  • Тајни патеки низ сонцето (кратки раскази);
  • Приказни од Лимбусот (кратки раскази);
  • Уморниот воин и осамените маргиналци (роман);
  • Мравката Боро (сликовница за деца);
  • Во нашата градина (сликовница за деца);
  • Во нашата овошна градина (сликовница за деца);
  • Доживувањата на Мравката Боро (сликовница за деца);
  • Некои песни, некои раскази (приказни и песни за деца).

Автор е на две комерцијални сликовници нарачани од Млекара Битола, во едицијата Битолско Чупе и тоа:

  • Битолското Чупе и куќата на витамините (тираж 85.000 примероци);
  • Пат околу светот (тираж 45.000 примероци).

Други активности

[уреди | уреди извор]

Бројни се текстови каде се јавува како рецензент, автор на предговори, поговори, литературни критики. Во стрипот Капетан Нитрат , каде како автор на текстот е Борислав Станоевиќ и илустратор Александар Сотировски, кој е преведен и објавен на англиски јазик, автор е на предговорот. Преведен е фрагментарно на српски, англиски, бугарски, албански и турски јазик. Соработува со списанието Слово Љубве.