Тамерлановиот придонес во урбанизмот и архитектурата
Тимуровиот придонес во урбанизмот и архитектурата е огромен. Од новоосвоени земји, Тимур во својата престолнина не натрупувал само богатство туку довел и истакнати научници, занаетчии, уметници и архитекти. Преку зголемувањето на бројот на интелектуалците сакал да го забрза развојот на градовите во Трансоксијана, срцето на неговата империја. Со своите освојувања, ставил крај на политичката фрагментација на Персија и Блискиот Исток и довел до стабилизрање на еден поголем регион. Во сите освоени области и градови, Тиму сакал да остави свои белег. Тој ги обновил Багдад, Дербент и Бајлакан, меѓу останантото тој обновил голем број на тврдини, мостови, системи за наводнување и др.
Во 1371 година, Тимур почнал да ја обновува руинираната тврдина на Самарканд и одбранбените ѕидови со шест порти: Шеjхзаде, Аханин, Феруза, Сузангаран, Каризгах и Чорсу.
Во Самарканд, Тимур изградил и еден поголем комплекс познат како Кук сарај (Сината палата), во кој се наоѓале државната каса, работилница и затвор, а тука била сместена и личната резиденција на Тимур, позната како Бустон сарај. Тимур го претворил Самарканд во трговски центар на Средна Азија. Кастилијанскиот амбасадор Руј Гонсалес Де Клавијо [1] истакнал:
„ | Во Самарканд се продавале стоки увезени од Кина, Индија, Татарстан (Златната Орда б.н) и од други места... Во градот немало специјални места за продажба на стоките и Тимур нареди да се постават од двете страни низ улиците на градот, кои треба да бидат продавници и тезги за продажба на стоките... | “ |
Тимур посветил големо внимание во развојот на исламската култура и изградбата (разубувањетото) на муслимански свети места. Во мавзолејот Шахи Зинда, подигнал повеќе гробници на своите роднини. Тимур го изградил и мавзолејот Рухабад посветен на шеикот Бурханеддин. Тој подигнал повеќе џамии, медреси, бањи и слични објекти. Во периодот помеѓу 1378-1404 година во Самарканд и неговата околина биле одржувани 14 градини: Баг и бихишт, Баг и дилкуша, Баг и шамал, Баг и булди, Баг и нав, Баг и џаханнума, Баг и тахти карача и Баг и давлатабад, Баг зогча и др. Во секоја од овие градини биле подигнати палати и фонтани. Меѓутоа, ниту една од овие палати не преживеала.
Во перидот помеѓу 1399-1404 година, во Самарканд била изградени џамија (Биби Ханум) и медреса. Џамијата била посветена на неговата омилена жена Сарај Мулак Ханам. Тимур започнал големи градежни објекти и во градот Шахрисабз, најверојатно неговото родно место. Во овој град биле изградени (возобновени) градски ѕидини и тврдина, биле подигнати гробови на муслиманските светители, величествени палати, џамии и др. Тимур во овој град изградил пазари и бањи. Во периодот помеѓу 1380-1404 година во Шахрисабз, Тимур ја изградил палатата Ак Сарај. Во Шахрисабз, тој подигнал и семејна гробница Дар Ус Саадат во која првобитно требало да бидат закопани и неговите останки.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|