Тестамент

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

=Наследување врз основа на тестамент (тестаментално наследување[уреди]

Наследување врз основа на тестамент (тестаменатално наследување). Поим на тестаментот. Правна природа на тестаментот. Форма на тестаментот. Видови на тестамент – своерачен тестамент, писмен тестамент пред сведоци, усмен тестамент, судски тестамент, дипломатско-конзуларен тестамент, тестамент составен за време на мобилизација и војна (војнички тестамент), меѓународен тестамент. Содржина на тестаментот – општо за содржината, проста супституција, услов, рок, легат (запис). Составување на тестаментот – способност за составување, недостатоци на волјата на тестаторот, недостатоци во поглед на формата и други причини за неважноста на тестаментот. Толкување на тестаментот.

1. Општо за тестаменталното наследување. Под поимот наследување врз основа на тестамент (тестаментално наследување) се подразбира наследување врз основа на еднострана изјава на волја (тестамент) на оставителот дадена за време на неговиот живот во форма пропишана со закон со која се одредува на кој од наследниците ќе му припадне оставината или дел од неа по неговата смрт. Давателот на тестаментот се вика завештател или тестатор. Лицата кои што наследуваат врз основа на тестамнет се викаат тестамнтални наследници. Кај ова наследување, за разлика од законското наследување, примарно значење има волјата на тестаторот како сопственик на имотот да располага со имотот согласно со неговите интереси на кои, се разбира, се заснива неговата волја да го состави тестаментот.

2. Поим на тестаментот. Под поимот тестамент се подразбира еднострана изјава на последанта волја на оставителот во однос на неговиот имот дадена во форма пропишана со законот со којшто се уредуваат наследно-правните односи (во РМ – Законот за наследување) со која оставителот одредува кое лице или кои лица ќе му бидат наследнници и кој дел од од оставниантта ќе му припадне на наследникот односно на наследниците по неговата смрт. Тестаментот претставува еден од основите за повикување на наследство.

3. Правна природа на тестаментот Основна правна карактеристика на тестаментот е тоа што тој претставуа еднострана изјава на волја на завештателот. При неговото составување не може да стене збор за согласност на волјите на две или повеќе лица, нити пак важноста на тестаментот може да зависи од тоа. Токму поради тоа составувањето и постоењето на пример на своерарчлниот тестамент може да остане непознаница за секое друго лице се до смртта не завештателот. Тестаментот е строго личен акт на завештателот. Тој е непосреден продукт на неговата волја. Поради тоа секој којшто сака да направи тестамент мора тоа да го стори лично. Застапувањето при составувањето на тестаментот е исклучено. Едноставно него не може да го направи застапник односно полномошник на завештателот. Потоа тестаментот е отповиклива изјава на волја. Отповикливоста на тестаментот произлегива од неговата природа како едностртана и слободна изјава на волја на завештателот. Завештателот секогаш може да го отповика тестаментот се до неговата смрт.

4. Видови на тестамент според формата. Значењето на тестаментот како од аспект на правнатра сигурност, така и од аспект на интересите на граѓаните кога е во прапшање расправање на оставината, ја наметнува потребата тој да биде направен во посебна форма. Формата на тестаментот треба да обезбеди, пред се, да се спречат случаите на пренагленост во донесувањето на одлуката на последанта волја во поглед на имотот, да ја загарантира сериозноста на таа одлука, да ја зголеми јасноста во толкувањето на вољата на тестаторот, да ја намали можноста од настапување на случаи на недостатоци на вољата на тестаторот, да обезбеди доказ за последната воља во поглед на имотот на тестаторот, да го зголеми степенот на извеснот при наследувањето и да ја намали можноста од евентуално фалсификување на тестаментот. Македонското наследно право познава повеќе видови на тестамент според формата. Сите тие се пропишани со одредбите на Законот за наследување. Законот за наследување ги пропишува следните видови на тестамнет според формата: - своерачен тестамент, - судски тестамент, - тестамент составен пред дипломатски или конзуларен претставник во странство (дипломатско-конзуларен тестамент), - тестамент составен за време на воена состојба (војнички тестамент), - меѓународен тестамент и - устен тестамент

4.1. Своерачен тестамент Под поимот своерачен тестамент се подразбира тестамент којшто завештателот (тестаторот) сам со своја рака го напишал и го потпишал. Без значење е тоа на кој јазик е напишан тестаментот. Исто така, без значењње е кое писмо е употребено при пишувањето на тестаментот. За своерачно пишување на тестаментот може да се употреби било кое средство погодно за пишување. Потоа, тестаментот може да бида напишан на било каков матаеријал како подлога за пишување (хартија, парче картон, дрво, стакло, лимена фолија и т.н. На пример, ако еден планинар доживее несреќен случај и користејќи ги последните животни сили непосредно пред смртта со врвот на џепното ноже напише тестамент на алуминиумско шишпе за вода, тоа нема да биде пречка за полноважнсот на тестаментот. Во врска со ова треба да се истакне дека од суштествено значење е тоа да во конкретниот случај нема никакво соменние во поглед на сериозноста на изјавата на последната воља на завештателот. Што се однесува до потпишувањето, завештателот може да се потпише со цело име и презиме, или пак со почетната буква на името и целото презиме или само со името, односно со презимето ако се знае дека тој така се потпишувал и тоа не предизвикува сомнение во поглед на фактот кој е тестаторот - завештателот. Завештателот може да се потпише и со неговиот прекар ако по него бил познат во средината во која живеел и работел. Најпосле потписот може да биде даден со примена на израз кој јасно го означува завештателот како на пример „вашиот татко“, „тато“, „вашата мајка“ или само „мама“, „вашиот брат“ „бато“ и сл. Според Законот за наследување, своерачниот тестамент ќе биде полноважен ако завештателот го напишал со своја рака. За полноважност на тестаментот не е нужно, но е корисно, во него да е означен датумот кога е составен. 4.2.Судски тестамент Судскиот тестамент претставува писмен тестамент составен со учество на надлежниот основен суд како јавен орган. Овој тестамент, според Законот на завештателот му го составува судија судија на основен суд. Судијата, пред почетокот на составувањето на тестементот, е должен претходно да го утврди идентитетот на завештателот. По составувањето на тестаментот судијата е доклжен да му го прочита на завештателот и потоа да му го даде да го потпише.Откога завештателот ќе го прочита и потпише ваквиот тестамент, судијата на самиот тестамент ќе потврди дека завештателот во негово присуство го прочитал и го потпишал. Во случај завештателот да не е во состојба да го прочита тестаментот што му го составил судијата, овој ќе му го прочита на завештателот во присуство на двајца сведоци. Потоа, завештателот во присуство на истите сведоци ќе го потпише тестаментот или ќе стави на него свој ракознак, откога ќе изјави дека тоа е негов тестамент. По завештателот тестементот го потпишуваат сведоците. Кога тие ќе го потпишат судијата со свој потпис ќе потврди на тестаментот дека се извршени сите горенаведени дејствија. Сведоци при составувањето на судски тестамент можат да бидат полнолетни лица на кои не им е одземена деловната способности кои знаат да читаат и пишуваат, а го разбираат јазикот на кој е составен тестаментот. Не можат да бидат сведоци при составувањето на судски тестамент, ниту тестаментот да го состават по кажување на завештателот во својство на судија: потомците на завештателот, неговите посвоеници и нивните потомци, неговите предци и посвоители, неговите роднини во странична линија до четвртиот степен заклучно со брачните другари на сите овие лица и брачниот другар на завештателот. Доколку судскиот тестамент содржи одредби со кои му се остава нешто на судијата којшто го составил тестаментот, на записничарот и на сведоците при неговото составување, како и на нивните предци, потомци, браќа, сестри и на брачните другари на овие лица, таквите одредби се ништовни. По составувањето завештателот може судскиот тестамент, како и своерачниот тестемент да да му го довери на чување на основниот суд во отворена или затворена обвивка. За тоа судот ќе состави записник, а тестаментот ќе го стави во одделна обвивка, што ќе ја запечати и ќе ја чува во судот на за тоа посебно определено место. 4.3.Тестамент составен пред дипломатски или конзуларен претставник во странство (дипломатско-конзуларен тестамент) Секој граѓанин на Република Македонија кој се наоѓа приврремено или стално во некоја странска држава во која постои македонско дипломатско-конзуларно претставништво може да направи тестамент пред тоа претставништво. Тестаментот се прави на ист начин, односни со иста постапка како и судскиот тестамент. Од ова можеме да заклучиме дека дипломатско-конзуларниот тестамент всушност претставува писмен тестамнет составен пред дипломатско-конзуларен претставник на Република Македонија во странство.

4.4. Тестамент составен за време на воена состојба (војнички тестамент) Војничкиот тестамент (testamentum militare) според Законот за наследување се составува за време на воена состојба. Него можат да го користат сите лица кои се наоѓаат на воена должност во воена состојба. Се составува во иста постапка како и судскиот тестамнет. Од ова можеме да заклучиме дека војничкиот тестамент е писмен тестамент составен со присуство на овластени воени лица во воена состојба. На составувањето на тестаментот како овластени воени лица можат да присуствуваат и него да го состават командирот на четата или некој друг старешина од неговиот или од повисок ранг. Во присуство на овие лица тестаментот може да го состави неко друго лице по кажување на завештателот. Ако завештателот во моментот кога одлучил да состави тестаменмт се наоѓал во состав на привремен воен организациски состав (формиран за извршување на одредена борбена задача) – одред, тестаментот може да го состави старешианта кој командува со тој одред или пак друго лице во негово присуство. Војничкиот тестамент има важност со ограничено траење. Тој престанува да важи по истекот на 60 дена по завршувањето на воената состојба. Ако завештателот е демобилизиран пред завршувањето на воената состојба или по нејзиното завршување, тогаш војничкиот тестамент престанува да важи по истекот на 30 дена од демобилизирањето. 4.5. Меѓународен тестамент Законот за наследување не дава дефиниција на меѓународниот тестамент, ниту пак содржи доволно прецизни одредби врз онова на кои би можела да се даде таква дефиниција. Првата од одредбите за овој тестамемт е одредбата на членот 74 која гласи: „Тестаментот составен во форма на меѓународен тестамент е полноважен во поглед на формата, без оглед на местото каде што е направен, каде што се наоѓа имотот, државјанството и живеалиштето, односно престојувалиштето на завештателот“. Според одредбите на членот 76 од Законот за составување на меѓународен тестамент надлежен е судија на основниот суд кој е надлежен и за составување на судски тестамент. Меѓународен тестамент за државјанин на Република Македонија во странство можат да состават и дипломатските или конзуларните претставници на Републиката кои ќе ги определи шефот на дипломатското или конзуларното претставништво. Од ова можеме да заклучиме дека меѓународниот тестамент всушност претставува судски, односно дипломатско конзуларен тестамент од меѓународно значење и за меѓународна употреба. На ваков заклучок посебно упатува одредбата на член 74 која пропишува дека за полноважноста на ваков тестамент без значење се фактите каде тој е напревен, потоа каде се наоѓа имотот на завештателот, каде е неговото живеалиште односо престојвуалиште и чие државјаснтво тој има. Нема сомнение даке овој тестамент се соствува во писмена форма, дека го составува судија на основен суд, односно дипломатско-конзуалрен претставнеик на Република Македонија во странство. Исто така, нема соменение дека мора во насловот на тестаментот да се нагласи дека се работи за меѓународен ттестамент, со цел тој да се разликува од обичнот судски, односно дипломатско-конзуларен тестамент, кои без соменение се однесуваат на тестаментално располагање со имоти на граѓани кои се државјани на Република Македонија, кои имаат живеалиште, односно престојувалиште во Републиката и чии имоти се наоѓаат на територијата на Републиката. 4.6. Устен тестамент Усниот тестамент претставува изјава на последната волја на завештателот во однос на неговиот имот која тој ја дал усно пред двајца сведоци, затоа што постоеле вонредни околности поради кои не можел да состави писмен тестамнет. Според Законот за наследување, завештателот може да ја изјави својата последна воља усно пред двајца сведоци само ако поради исклучителни околности не е во можност да состави писмен тестамент.

   Вонредните односно исклучителните околности можат да бидат различни. На пример:  задобиена тешка телесна повреда, поплава, затрпување со снежна лавина, пожар, тешка болест, одрон во рудник поради кој дошло до негово затрупување, борба во вооружен судир, давење во вода, земање на медикаменти во количина опасна по живот, загубеност во пустина или на планински масив, тешко породување без асистенција на медицински персонал, хаварија на пловен објект поради бура, судар на возила во патниот и железничкиот сообраќај доколку постои опасност по животот на оставителот и сл. За полноважност на тестаментот основен услов е сведоците да  го знаат јазикот на кој завештателот ја изјавил својата последна волја.

Законот пропшува ограничена важност на усниот тестамент. Така тој престанува да важи кога ќе поминат 30 дена од престанокот на исклучителните околности во кои е составен.

Сведоци при составувањето на устен тестамент можат да бидат  само лицата кои можат да бидат сведоци при составувањето на судски тестамент, но не мораат да знаат да читаат и да пишуваат. Сведоците  се должни без одлагање да ја стават написмено изјавата на завештателот и што побрзо да му ја предадат на судот, или усно да ја повторат пред судот, изнесувајќи кога, каде и во кои прилики завештателот ја изјавил својата последна волја.

Според Законот ништовни се одредбите од усниот тестамент со кои им се остава нешто на сведоците при неговото составување, на нивните брачни другари, на нивните предци, на нивните потомци, на нивните роднини во странична линија до четвртиот степен на роднинство заклучно и на брачните другари на сите овие лица. 5. Содржина на тестаментот Содржината на тестаментот опфаќа се што завештателот во него наредил односно изјавил како последна изјава на воља во однос на неговиот имот. Таа може да биде сложена и разновидна. Тоа се огледа од фактот што со тестамент се одредуваат наследниците и наследните делови од имотот, со него се конституираат оптоварувања и легати, се поставуваат услови, се простува недостојност за наследување, се исклучуваат нужни наследници од наследството, се одредува извршител на тестаментот, се признава вонбрачно татковство и сл. Определувањето на наследниците редовно е еден од елементите на содржината на тестаментот. Завештателот може да определи за наследник било кое физичко лице, без оглед на тоа дали тоа лице е негов роднина или пак не е. Тој може да определи за наследник на наговиот имот и правно лице. Дали наследник на имотот ќе биде физичко или правно лице едно или повеќе или пак физичко и правно лице односно лица, зависи исклучиво од вољата на завештателот. Се смета дека наследниците, легатарите и другите лица на кои со тестаментот им се оставени некои користи, се доволно определени ако тестаментот содржи податоци врз основа на кои може да се утврди кои се тие. Во врска со ова одредени физички лица можат да бидат означени како тестаментални наследници не само по име, туку и на друг начин, во зависност од општествената однсно роднинската врска меѓу нив и завештателот. На пример „мојот внук од сестра“, „мојата тетка“, „мојот брат“ и т.н. Според Законот, наследник врз основа на тестаментот е лице кое го определил завештателот да го наследи целиот негов имот или дел од имотот. Понатаму како наследник се смета и лице на кое со тестаментот му се оставени еден или повеќе определени предмети или права, ако се утврди дека вољата на завештателот била тоа лице да му биде наследник. Определувањето на наследството може да се изврши така што едноставно ќе се каже целиот мој имот, или пак ќе се наведат деловите од инмотот - куќа, ниви, дуќани и сл. Тоа може да се определи по количин односно квота во како на пример: четвртина од имотот, третина од имотот, половина од имотот, целиот имот и сл. Во случај кога завештателот определува повеќе наследници, на некои може точно да им определи што или колкав дел од имотт ќе наследат а на некои не и со тоа да остави нивните делови да се одредат во оставинската расправа. Завештателот може со тестаментот да определи лице на кое ќе му припадне наследството ако определениот наследник умре пред него, или ако се откаже од наследството, или ако биде недостоен да наследи. Ваквото определување на лица на кои ќе им порипадне наследството се вика супституција. Завештателот може со тестаментот да остави еден или повеќе легати на кои посебно ќе се задржиме во понатамошното излагање. Завештателот може со тестаментот да нареди некој предмет или право или дел од оставината или целата оставина да се употреби за постигање на некоја дозволена цел. Во врска со ова завештателот може да нареди имотот или дел од имотот да се искористи за основање на добротворна установа со добротворна намена за постигање на одредени добротворни цели (задужбина). Ако завештателот наредил основање на задужбина и ги определил средствата за постигање на некоја цел, задужбината може да се основа откако ќе се добие одобрение од надлежниот орган. Понатаму, според Законот завештателот може да го оптовари со некоја должност лицето на кое му остава некоја корист од оставината. Најпосле, завештателот може во одделни одредби на тестаментот да постави услови или рокови. Во врска со ова невозможните, недозволените и неморалните услови и оптоварувања, како и оние што се неразбирливи или противречни, според Законот се сметаат како да не постојат. 6. Легат Легатот претставува завештание направено од страна на завештателот со тестамент којшто тој го составил со кое се оставааат еден или повеќе определени предмети или некое право на определено лице, или му се наложува на наследникот или на некое друго лице на кое нешто му остава, да му даде, од она што му е оставено, некој предмет на определено лице, или да му исплати сума пари, или да го ослободи од некој долг или да го издржува или воопшто во негова корист да направи нешто или да се воздржи од нешто или да трпи нешто. Лицето на кое завештателот со тестамент му оставил легат се вика легатар. Легатарот мора да биде точно одреден со име и презиме. За до може даз го прими легатот легатарот мора да ја дочека смртта на завештателот и да биде достоен за наследување. Легатарот врз основа на тестаментот има право да бара да му се изврши легатот од лицето на кое со тестаментот му е наложено да го изврши легатот. Ако извршувањето на легатот им е наложено на неколкумина, секој одговара сразмерно со делот од оставината што го добива, освен ако од тестаментот може да се заклучи дека завештателот сакал тие да одговараат на друг начин. Ако пак завештателот пропуштил да одреди кој е должен да го изврши легатот, обврската за извршување лежи на сите законски и тестаментални наследници, сразмерно со вредноста на имотот што секој од нив го наследил. Наследникот не е должен да ги изврши во целост легатите, доколку со тоа се повредува неговиот нужен дел. Истото важи за легатарот, ако вредноста на легатите или оптоварувањата што треба да ги изврши ја надминува вредноста на неговиот легат. Легатарот има право да бара да се изврши легатот и кога лицето, кое според тестаментот било должно да го изврши легатот, умрело пред завештателот, или се откажало од наследство, или е недостојно да наследи. Правото на легатарот да бара извршување на легатот застарува за една година од денот кога легатарот разбрал за своето право и бил овластен да бара да се изврши легатот, но најдоцна во рок од десет години по правосилноста на решението за наследување, односно во рок од 20 години од смртта на оставителот. Легатот отпаѓа (се гаси) ако легатарот умре пред завештателот, или се откаже од легатот, или е недостоен. Во вакви случаи предметот на легатот му останува на лицето кое било должно да го изврши, ако од самиот тестамент не произлегува некаква друга намера на завештателот. Легатот отпаѓа и кога завештателот го отуѓил или потрошил предметот на легатот или тој предмет инаку престанал да постои за време на животот на завештателот, или случајно пропаднал по неговата смрт. Легатарот не одговара за долговите на завештателот. Но, завештателот може да нареди легатарот да одговара за сите или за одделни негови долгови, или за дел на некој долг во границите на вредноста на легатот. Кога завештателот му оставил легат на својот доверител, овој има право, покрај извршувањето на легатот, да бара и извршување на своето побарување, ако од тестаментот не произлегува дека намерата на завештателот била поинаква. 6. Составување на тестаментот Составувањето на тестаментот претставува писмено или усмено изразување на последанта волја на завештателот во однос на неговиот имот. Составувањето на тестаментот претставуа мисловно-логички и вербално комуникациски процес на завештателот низ кој тој ја формулира својата последна волја и ја ја изразува во со закона пропишана форма. Тестаментот не е полноважен ако при неговото составување не биле исполнети условите кои што Закнот ги пропишал за негова полноважност. Меѓу нив најважни се три услови. Тие се: поседување на споособност за составување на тестамент, поседување на слободно изразена воља на завештателот во моментот на составувањето на тестементот, и составување на тестаментот во една од со закон пропишаните форми. Способноста за составување на тестамент претпоставува постоење на два факти во моментот на составувањето. Првиот е наполнета возраст од 15 години, а вториот е поседување на способноста за расудување. Се смета дека лице кое наполнилао 15 години има доволно способност за расудување за да го сфати значењето на своето постапување и за да управувза со своите постапки под услов да е душевно доволно развиено за својата возраст и да е душевно здраво. Според Законот тестаментот е ништовен ако во времето на неговото составување завештателот немал 15 години или не бил способен за расудување. Губењето на способноста за расудување што би настапило откога е направен тестаментот не влијае врз неговата полноважност. Поседување на слободно изразена волја при составувањето на тестементот претпоставува отсуство на закана или присилба од страна на друго лице во тој момент. Ако завештателот бил натеран со закана или присилба да состави тестамент или одлучил да го состави поради тоа што бил измамен или поради тоа што се наоѓал во заблуда, неговиот тестамент е ништовен. Ако само некои одредби од тестаментот се направени под закана или присилба, поради измама или во заблуда, тогаш само тие се ништовни. Ништовниот тестамент се поништува во парнична постапка Поништување на тестамент поради завештателовата неспособност за расудување или поради тоа што завештателот немал 15 години, како и поништување на тестамент или на одделни негови одредби поради закана или присилба, измама или заблуда, може да бара само лице кое има правен интерес, и тоа во рок од една година откога разбрало за постоењето на причината за ништовност, а најдоцна за десет години од прогласувањето на тестаментот. Рокот од една година не може да започне да тече пред прогласувањето на тестаментот. Поништување на тестамент спрема несовесно лице може да се бара во рок од 20 години од прогласувањето на тестаментот. Приговор за ништовност на тестаментот во процесот кој го повело лице кое бара право од оставината врз основа на тестаментот, може да се поднесе без оглед на истекот на наведените рокови. Отсуството на со закон пропишаната форма исто така претставува причина за ништовност на тестементот. Таквиот тестамент се поништува по судски пат во парничан постапка. Поништување на тестамент поради недостиг на форма може да бара, по отворањето на наследството, само лице кое има правен интерес и тоа во рок од една година откога разбрало за тестаментот, а најдоцна десет години од прогласувањето на тестаментот. Рокот од една година не може да започне да тече пред прогласувањето на тестаментот. 7. Толкување на тестaментот. Толкувањето на тестементот претставува утврдување на вистинската волја на завештателот, на она што тој навистина сакал да постигне со неговото составување односно утврдување на неговата вистинаска намера. Кај јасно, и ппрезцизно составен тестамнет, во кој јасно се наведени потребните податоци за оставителот, за наследниците и за имотот кој им се остава во наследство не се јавува потребата од негово толкување. Таа потреба се јавува кај граматички и мисловно-логички лошо компонираните, кратките и набрзнина составени тестаменти. Поради непоседувањето на доволна јазичка култура, поради, краткоста во изразувањето и брзина во составувањето често се случува формулациите во тестаментот да бидат конфузни, непрецизни и со самото тоа нејасни во поглед вистинската намера на завештателот. Тоа ја нематнува потребата од толкување на ваков тестамнет. Законот за наследување не навлагува подлабоко во регулирањето на прашањата околу толкувањето на тестаментот. Тој се задоволува со две одредби во однос на тоа. Според Законот одредбите од тестаментот треба да се толкуваат според вистинската намера на завештателот, што впрочем теориски е неспорно. Понатаму Законот пропишува дека во случај на сомневање треба да се прифати она што е поповолно за законскиот наследник или за лицето на кое со тестаментот му е наложена некоја обврска (in dubio pro reo).