Терористички напад во Барселона (2017)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Терористички напад во Барселона 2017
Лас Рамблас, местото на несреќата, фотографирано во 2011
МестоЛас Рамблас, Барселона, Каталонија, Шпанија
Координати41°22′53″N 2°10′23″E / 41.38139° СГШ; 2.17306° ИГД / 41.38139; 2.17306Координати: 41°22′53″N 2°10′23″E / 41.38139° СГШ; 2.17306° ИГД / 41.38139; 2.17306
Датум17 август 2017
16:57 ЦЕСТ (УТЦ +2)
Целпешаци
Вид на нападнапад со моторно возило
Употребено оружјекомбе
Мртви14 (+6) (1 во поврзани настани)
Повредени100+ (25 во поврзани настани)
Број8 [1]

На 17 август 2017, се случил терористички напад со комбе кое влетало во толпа луѓе на улицата Лас Рамблас во Барселона, Шпанија. Нападот резултирал со 13 жртви и стотици повредени. [2][3]

Полицијата соопшти дека се уапсени двајца мажи кои биле поврзани со нападот, додека уште еден маж бил убиен во престрелка со полицијата. [4]

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот преку нивната новинска агенција.[5] Во терористичкиот напад е повреден и еден македонец кој е вон животна опасност. Повредениот бил во непосредна близина на нападот и се здобил со скршеница на зглобот на ногата. [6]

Останати напади[уреди | уреди извор]

Ден пред и после експлозијата се случиле уште два напади кои полицијата ги поврза со нападот во Барселона на 17 август.

Експлозија во Алканар[уреди | уреди извор]

На 16 август, ден пред нападот во Барселона, експлозија уништила една куќа во Алканар и оштетила неколку други во соседството, убивајќи една жена и повредувајќи шест луѓе. Полицијата првично известила дека се работи за несреќа но потоа случајот го поврзале со нападот во Барселона. Маж од Мароко бил повреден во експлозијата и одвезен до болница, каде деновиве ќе биде испитан од страна на полицијата. Во куќата биле пронајдени дваесет канистри на бутан и пропан.[7]

Напад во Камбрилс[уреди | уреди извор]

Утрината на 18 август во Камбрилс, автомобил влетал во толпа пешаци. Полицијата застрелала и убила четворица осомничени терористи, а петтиот подлегнал на повредите некое време подоцна. Терористите биле поврзани со нападот во Барселона. [8] Некои од нив носеле лажни појаси со експлозиви.[9] Еден цивил бил убиен а шестмина други биле повредени, вклучувајќи и турист од Куба и еден полициски службеник.[10][11]

Жртви[уреди | уреди извор]

Жртви по националност
Државјанство Жртви Повредени
 Германија[12] 3 13
 Шпанија[13] 3 непознато
 Италија[14] 2 3
 Белгија[15] 1 2
 Португалија[16] 1 0
 Франција[17] 0 26
 Куба[18] 0 5
 Филипини[19] 0 4
 Австралија[12] 0 4
 Грција[20] 0 3
 Романија[21] 0 3
 Холандија[22] 0 3
 Аргентина 0 2
 Тајван[23] 0 2
 Данска[24] 0 2
 Македонија[25] 0 1
 Венецуела[26] 0 1
 Перу 0 1
 Хонгконг[22] 0 1
 Русија[27] 0 1
 Ирска[18] 0 1
 САД[22] 0 1
 Колумбија[28] 0 1
 Унгарија[29] 0 1
 Србија[30] 0 1
 Турција[31] 0 1
 Израел[32] 0 1
непознато 6 20
вкупно 16 ~130

Вкупно 16 луѓе (13 во нападот на Лас Рамблас, 1 во Алканар, 1 во Камбрилс и 1 прободен до смрт од напаѓачите) се убиени и 100 повредени (15 со посериозни повреди) од 34 националности во трите терористички напади.[33]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Slawson, Nicola; Topping, Alexandra (17 August 2017). "Barcelona attack: van driver still on the run, police say – latest updates" – преку The Guardian. 
  2. "At least 13 dead in van crash in Barcelona city center: media". 17 August 2017 – преку Reuters. 
  3. "LIVE: 13 killed and 50 injured in Barcelona attack". конс. 17 August 2017. 
  4. "Barcelona: 13 killed as van rams crowds in Las Ramblas". BBC News. 17 August 2017. конс. 17 August 2017. 
  5. Van crashes into dozens of people in Barcelona: police“ (посет. 17 август 2017 г).
  6. Еден повреден македонски државјанин во нападот во Барселона
  7. Alexander, Harriet. "Massive explosion at Alcanar house on Wednesday night linked to Barcelona terror attack". telegraph.co.uk. The Telegraph. конс. 17 August 2017. 
  8. "Spain attacks: Suspects shot dead in Cambrils after van-ramming". 18 August 2017 – преку www.bbc.co.uk. 
  9. "Explosive belts worn by Cambrils attackers were fake - Catalan regional head". 18 August 2017 – преку Reuters. 
  10. "Tiroteo en Cambrils tras el atentado en Barcelona". 
  11. "Police in Cambrils, south of Barcelona, kill 5 terrorism suspects accused of plotting attack". globalnews.ca. Global News. конс. 18 August 2017. 
  12. 12,0 12,1 "Barcelona attack victims: Seven-year-old boy missing as 13 reported dead". конс. 18 August 2017. 
  13. "Un nen i un veí de Rubí, entre les 14 víctimes mortals dels atacs a la Rambla i Cambrils". Ccma.cat. 18 August 2017. конс. 18 August 2017. 
  14. "Attentato a Barcellona: morto un milanese di 35 anni, era in vacanza con la moglie e i figli". конс. 18 August 2017. 
  15. "Attaque terroriste à Barcelone : un Belge parmi les victimes" (French). Le Soir. 17 August 2017. 
  16. "Portuguese woman dies in Barcelona attack, another missing" (French). 17 August 2017. 
  17. "Attentat de Barcelone : 26 Français blessés dans l'attaque". конс. 18 August 2017. 
  18. 18,0 18,1 (now), Matthew Weaver; Rawlinson, Kevin; (earlier), Claire Phipps (18 August 2017). "Barcelona attack: 18-year-old identified as suspected van driver – latest updates" – преку The Guardian. 
  19. "4 Filipinos injured in Barcelona attack". конс. 18 August 2017. 
  20. "Greek mother, her two children among the injured in Barcelona van attack". 17 August 2017. конс. 18 August 2017. 
  21. "MAE: Trei români au fost răniți în atacul terorist din Spania". конс. 18 August 2017. 
  22. 22,0 22,1 22,2 Roy, Eleanor Ainge (18 August 2017). "Barcelona victims: citizens from at least 24 countries among dead and injured". конс. 18 August 2017 – преку The Guardian. 
  23. News, Taiwan. "2 Taiwanese tourists injured in Barcelona terrorist attack – Taiwan News". конс. 18 August 2017. 
  24. "LIGE NU: Mand blev fundet død på bagsædet af bil – stod terroristerne også bag det?". конс. 18 August 2017. 
  25. "One Macedonian citizen injured in Barcelona terror attack". конс. 18 August 2017. 
  26. "Una venezolana entre los heridos del atentadi de Barcelona". конс. 18 August 2017. 
  27. "Russian Woman Injured in Barcelona Terror Attack - Russian Tourism Agency". 
  28. "Cancillería confirma que hay un colombiano herido en atentado de Barcelona". конс. 18 August 2017. 
  29. "Barcelonai terror: nincs magyar halálos áldozat, egy magyar nő könnyebben megsérült" (Hungarian). 24.hu. конс. 18 August 2017. 
  30. "MSP: Državljanka Srbije povređena u napadu u Barseloni" (Serbian). b92.net. конс. 18 August 2017. 
  31. "Turkish national among Barcelona injured". Anadolu Agency. конс. 18 August 2017. 
  32. [1]
  33. Barcelona attack: Van driver kills 13, injures 100“, CTV News, 17 август 2017.