Прејди на содржината

Татјана Лебедева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Татјана Лебедева
Медали

Натпреварувач за  Русија
Олимписки игри
Сребрен медал – второ местоПекинг 2008трискок
Сребрен медал – второ местоПекинг 2008скок во далечина
Златен медал - прво место2004 Атинаскок во далечина
Бронзен медал – трето место2004 Атинатрискок
Сребрен медал – второ место2000 Сиднејтрискок
Светски првенства
Златен медал - прво место2001 ЕдмонтонTriple jump
Златен медал - прво место2003 ПаризTriple jump
Златен медал - прво место2007 ОсакаLong jump
Сребрен медал – второ место2007 ОСакаTriple jump
Светски првенства во сала
Златен медал - прво место2004 Будимпештатрискок
Златен медал - прво место2004 Будимпештаскок во далечина
Сребрен медал – второ место 2001 Лисабон трискок
Европски првенства
Златен медал - прво место2006 Гетеборгтрискок
Европски првенства во сала
Златен медал - прво место2000 Гент трискок

Татјана Романовна Лебедева (руски:Татьяна Романовна Лебедева, родена на 21 јули 1976 во Стерлитамак) е руска атлетичарка која се натпреварува во техничките дисциплини скок во далечина и трискок.

Кариерата ја започнала во 1998 година, кога станала и шампион на Русија во трискок. Во 2000, на Европското првенство во сала одржано во Гент го освоила златниот медал. На светското првенство во Едмонтон во 2001, Татјана го освои златниот медал во трискок, а златото го одбрани и на светското првенство во Париз во 2003. На светското првенство во сала одржано во Москва во 2004, таа прескокна 15,36m со што постави нов светски рекорд во сала во дисциплината трискок.

На Летните олимписки игри - 2004 одржани во Атина, Татјана го освои златниот медал во скок во далечина, но како голема фаворитка целосно потфрли во дисциплината трискок.

Во 2005, Лебедева не настапи на светското пвенство поради повреда, но успеа да победи на сите 6 митинзи од Златната лига со што доби награди вредна злато во вредност од 1,000,000$.

Во 2007, Татјана настапи на светското првенство каде што го освои златниот медал во скок во далечина и сребрениот во трискок.

На Летните олимписки игри - 2008, таа настапи во дисциплините трискок во која го освои сребрениот медал и во скок во далечина каде имаше исто остварување.

Во септември 2002, Татјана стана мајка, со раѓањето на ќерка и Настја.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]