Прејди на содржината

Стојан Кипријановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стојан Ѓурков Кипријановски ( 1924 во Шопско Рударе, Кратовско12 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Одраснал во сиромашно земјоделско семејство. По завршување на основното четиригодишно училиште во родното село, го чувал добитокот на своите родители, а подоцна се занимавал ѝ со земјоделие. Во селото Шопско Рударе делувале единиците на НОВ, а тој активно ги помагал, подоцна го напуштил семејството ѝ пристапил во редовите на народноослободителната војска на Македонија, на 28 јули 1944 година, во составот на Треттатa македонска ударна бригада. Земал учество во борбите за ослободување на Куманово, Скопје, борбите на реката Треска, каде покажал посебна храброст и одлучност. По ослободувањето на Македонија, во декември 1944 година, со својата бригада заминал на Сремскиот фронт. Учествувал во повеќето борби за пробивање на Сремскиот фронт, во борбите кај Шид и други места. Последната борба му била на Врпоље, каде со група борци се борел против непријателот сè додека имал муниција. Кога снемал муниција бил принуден да ја напушти позицијата, па така на 12 април 1945 година при повлекувањето бил убиен.[1]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 41.