Старина Новак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик на Старина Новак во Клуж

Старина Новак ( 1530, Пореч (на Дунав), денес Доњи Милановац5 февруари 1601, Клуж, Романија) бил еден од најпознатите српски ајдуци, кој подоцна станал војсководец во служба на влашкиот кнез Михај Храбри.

Во српската и романската култура и денес се слави како народен јунак и ослободител, поради бројните воени успеси против Турците на подрачјето на денешна Србија, Република Српска, Романија, Молдавија и Бугарија.[1] Во романскиот град Клуж подигнат му е и споменик на народна благодарност крај местото каде го погубиле Унгарците, едно место во Трансилванија е наречено по неговото име, како и булевар во романската престолнина, Букурешт. Новаковиот брат Радивој и синот Груицаа, како и уште некои членови на нивното семејство, исто така биле истакнати учесници во борбата за ослободување на Балканот од исламизацијата и Османлиското Царство. Старина Новак во процесот на ослободување на Балканот од исламското влијание успеал да го отстрани најголемиот зулумќар - Махмуд-паша Бушатлија (1786). Во двобојот во кањонот на Морача, Новак во стрмоглав пад со остра сабја му ја отсекол главата на Бушатлија и бил во последен момент бил спасен од свети Сава.

Старина Новак во преданијата и фолклорната литература[уреди | уреди извор]

Се смета дека во народните песни, ликот на Старина Новак претставува олицетворение на две историски личности: јунакот од 15 век, Новак Дебелиќ и Баба Новак, заповедникот на ајдучките чети по текот на Дунав од 16 век. Во народните песни, акциите на Старина Новак најчесто се случуваат во околината на Сарево, во планината Романија, а настаните се случуваат во различни временски периоди. Во ајдучките песни се опеани и неговиот син, малиот Груица, како и дели Радивој, братот (или побратимот) на Старина Новак, но не е познато дали тие биле вистински историски ликови.[2] Околу ликот на Старина Новак е формиран веројатно најпотполниот циклус ајдучки епски песни во српската народна книжевност.[3] Во нив, тој е прикажан како бестрашен јунак кој не се плаши „од никого освен од бога“ и кој 40 години го чува „друмот низ планината“, а од јачината на неговиот глас паѓа лисјето во шумата. Со својата сабја која никого не пропушта, тој делува како некое божество на одмаздата.[4]

Старина Новак е опеан во српските епски песни: „Старина Новак и Дели Радивој“, „Старина Новак и кнезот Богосав“, „Новак и Радивој го продаваат Груица“, „Груица и Арапот“, „Груица и пашата од Загорје“, „Женидбата на Груица Новаковиќ“ итн.[5] Во романската култура, сеќавањето на Старина Новак е сочувано во бројни приказни и легенди.

Старина Новак во Република Српска[уреди | уреди извор]

На Гласинац многу се зборува за ајдуци кои ајдуковале по Романија, а најмногу за самиот Старина Новак кој по народното предание тука ајдуковал со својот брат Радивој и синовите Татомир и Груица. Иако нема пишани податоци за тоа дека бил на Гласинац во народната песна се вели за него дека е „Од Гласинец, поле широко, Од висока гора Романија“ („Од Гласинца, поља широкога, Са високе горе Романије“). На Пале, во Република Српска, постои гусларско друштво „Старина Новак“. На јужната страна на планината Романија, над Пале во Република Српска, се наоѓа познатата Новакова пештера, чиј назив е врзан за ајдукот Старина Новак.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.politika.rs/scc/clanak/395366/Starina-Novak-istorijska-licnost-i-epski-junak
  2. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 147.
  3. „Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 144-145.
  4. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 16-17.
  5. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 147-148.