Груица и Арапот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Груица и Арапот (српски: Грујица и Арапин) е српска епска (ајдучка) песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Старина Новак и дели Радивој пиеле вино на планината Романија, ги служел дели Татомир, а малиот Груица, синот на Старина Новак, чувал стража. Старина Новак му се пожалил на дели Радивој дека поминале многу години, а тие не успеале да го убијат Арапот кој ги убива сватовите и ги граба невестите. Потоа, тие собрале сватови, а малиот Груица го облекле како невеста, при што тој сокрил сабја во пазувите, и заминале кај Арапот. Арапот не бил дома, но неговата сестра ги видела сватовите и брзо го повикала брата си. Тој ја запрел свадбената поворка, ја фатил невестата и се зачудил зашто таа немала гради. Тогаш, Груица му ја пресекол главата на Арапот, а Старина Новак почнал да пее дека сите момчиња можат слободно да се женат, зашто Груица го убил Арапот.[1]

Осврт кон песната[уреди | уреди извор]

Старина Новак, навистина постоел, само што во овој лик се претставени две историски личности: јунакот од XV век, Новак Дебелиќ и Баба Новак, заповедник на ајдучките чети од крајот на XVI век. Од друга страна, неговиот брат или побартим, дели Радивој не е познат во историјата. Исто така, не е сигурно дали постоел малиот Груица, синот на Старина Новак, иако постојат мислења дека тој би можел да биде вистинска историска личност (ајдучки арамбаша). Арапите се чести ликови во епските народни песни, иако се мисли на Црнците кои биле застапени во турската војска во XVI век.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 21-24.
  2. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 147-148.