Гласинац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Гласинац (Гласиначка Висорамнина и Гласиначко Поле) – висорамнина на подрачјето на општината Соколац во источниот дел на Република Српска, на планината Романија, со пространо поле со површина 22 км2, должина 7 км, на надморска висина над 800 метри.

Во далечното минато Гласинац бил распаќе на важни патишта кои ги спојувале долините на реките Босна и Дрина. Висорамнината се состои од пространи ливадаливади и пасиштепасишта, карактеристични за источниот дел на Босна, чие дно најчесто е составено од тврди непропусни стени. Гласиначката Висорамнина е опкружена со четинарски шуми и врвовите на Романија, Боговиќка Планина, Градина, Црн Врв, Копито, Кратељ.

На ова подрачје се наоѓаат и значајни археолошки наоѓалишта. Познато наоѓалиште се и средновековните некрополи, како што е некрополата во местото кое денес се вика Црквина, недалеку од раскрсницата Подроманија. По предание, тука имало црква со гробишта. Стеќците се со разновидни облици, а некои се со орнаменти.

Овде се одвивала Битката на Гласинац.

Археологија[уреди | уреди извор]

Гласиначка култура околу 300 година п. н. е.

Гласинац е археолошко наоѓалиште со европско значење, познато од крајот на 19 век. Истражувањето почнало 1886-1891 година на Гласиначо Поле, а подоцна било проширено до Прача и Дрина, па археолошкиот поим (гласиначко подрачје), е значително пошироко од географското. Евидентирани се околу 50 праисториски градини и повеќе од 1.200 тумулуси (гробни тумби), концентрирани во групи и некрополи, од кои најважни се: Талини, Лазини, Кусачи, Чаворини, Потпеќини, Читлук, Маравиќи, Плањи, Брезје, Илијак, Русановиќи, Госиња, Осово, Бранковиќи, Сјеверско, Претежен дел на тумулусите е истражен, а од градините ископувани се Кусачи, Кошутица, Кадиќа Брдо, Илијак, Лозник и некои други.

Истражувањата ги воделе Ѓорѓе Стратимировиќ, Ќиро Трухелка, Вејсил Ќурчиќ, и најмногу Фрањо Фиала, а во поново време Боривој Човиќ и Б. Говедарица.

Хронологија на наоѓалиштата[уреди | уреди извор]

Хронологија на гласиначките наоди изработиле Алојз Бенац и Боривој Човиќ. Најстарото населување на Гласинац паќа во бакарното време. Потоа следат:

  • Рано бронзено доба Гласинац I: 1800 до 1500 п. н. е.; населението се номадски сточари, со хетерогено потекло, прилично малубројни.
  • Средно бронзено доба Гласинац II: 1500 до 1300 п. н. е. Населеноста е ретка, како и порано.
  • Касно бронзено доба Гласинац III: 1300 — 800 п. н. е. доаѓа до стабилизација, се населуваат повеќе градини, а бројот на жители расте.

Најголемиот процут паѓа во железно време

  • Гласинац IV: 800 до 500 п. н. е. и
  • Гласинац V: 500 п. н. е. до 250 п. н. е. од кога потекнуваат најмногу градини и гробои и тогаш дефинитивно се кристализира гласиначката култура на железното доба.

По географското простирање таа многу поширока од гласиначкото подрачје бидејќи ја опфаќа и југозападна Србија, Источна Херцеговина и Црна Гора, а мати-културата во северна и средна Албанија всушност е јужна гранка на гласиначката култура.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]