Љубка Рондова: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Надворешни врски |
|||
Ред 22: | Ред 22: | ||
== Надворешни врски == |
== Надворешни врски == |
||
* [http://www.youtube.com/watch?v=nErQW32UxAQ&feature=related Интервју со Љубка Рондова во |
* [http://www.youtube.com/watch?v=nErQW32UxAQ&feature=related Интервју со Љубка Рондова во „Операција Слава“ дел 1] |
||
* [http://www.youtube.com/watch?v=jZmN8K_1Mfk Интервју со Љубка Рондова во |
* [http://www.youtube.com/watch?v=jZmN8K_1Mfk Интервју со Љубка Рондова во „Операција Слава“ дел 2] |
||
[[Категорија:Бугари]] |
[[Категорија:Бугари]] |
Преработка од 03:08, 24 април 2009
Љубка Рондова | ||
Родена | 1936 Шестево (Егејска Македонија), Грција |
---|
Љубка Рондова (бугарски: Любка Рондова) е пејачка на народни песни од Бугарија. Родена е во костурското село Шестево (на грчки Сидирохори), Грција, во 1936 година. Во 1948 година, за време на грчката граѓанска војна, влегува во групата на таканаречените деца-бегалци, со кои е изнесена од комунистичките партизани надвор од земјата. Живее во Полска и Чешка. Завршува славјанска филологија на Карловскиот универзитет во Прага. Зборува неколку странски јазици. Во 1960 година семејството на Љубка се прселува во Бугарија и таа работи како туристички водич, преведувач, редактор и служител во оддели за култура во различни организации.
Нејзиниот сериозен пат на народна пејачка започнува по преселувањето во Софија, кога се зачленува во најстариот ансамбл во Бугарија за народни песни и танци “Гоце Делчев”. Во него останува 30 години, каде долго време е солистка и лицето на ансамблот. Нејзиниот репертоар е изграден врз основа на песни, наследени од мајка и и баба и а ги усовршува и своите изведувачки способности.
Во 1980 година, ги прави првите записи во Бугарското радио, а потоа и во Балкантон, Бугарската телевизија, Радио Благоевград. Тие се тиражирани на голем број грамофонски плочи, аудио и видео албуми.
Во 2000 година, е издаден нејзиниот прв албум на компакт диск “Смилјана”. Во него се вклучени 22 најпопуларни и омилени песни од целото нејзино 40-годишно музичко наследство. Во 2003 година, излегува и нејзиниот втор компакт диск “Песните се моите деца”, во кои се вклучени 15 потполно нови исполнувања. Од нив 9 стари автентични песни од нејзиното родно Костурско и 6 авторски.
И до денешен ден Љубка Рондова продолжува да открива и запишува автентични народни песни.
За нејзиниот придонес во развојот и популаризирањето на бугарската култура, на 22 мај 2002 година Љубка Рондова е удостоена со орден “Стара планина”. Таа е носител на орден “Кирил и Методиј” II степен и златен медал “Петко Војвода”.