Име на Југославија: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 4 бајти ,  пред 5 години
с
нема опис на уредувањето
[непроверена преработка][непроверена преработка]
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Првата Југославија, била формирана под името [[Кралство на Србите, Хрватите и Словенците]]. Во јануари 1929 година, кралот [[Александар I Караѓорѓевиќ|Александар I]], вовел диктатура во земјата и ја преименувал во [[Кралство Југославија]], и со тоа за прв пат го употребил овој термин, кој дотогаш неофицијално се употребувал. Откако окупацијата и ослободувањето на кралството во Втората Светска војна, новата југословенска држава била прогласена в 1943 година и именувана како '''Демократска Федеративна Југославија''' (скратено ДФ Југославија или ДФЈ), со кое име го оставила прашањето за република или кралство отворено. Во 1946 година, се преименувала во '''Федеративна Народна Република Југославија''' (ФНР Југославија или ФНРЈ)<ref name="constitution1946">[http://www.arhiv.sv.gov.yu/a100008i.htm] Proclamation of Constitution of the Federative People’s Republic of Yugoslavia, 31. 1. 1946.</ref>, а веќе во 1963 станала '''Социјалистичка Федеративна Република Југославија''' (СФР Југославија или СФРЈ). Најчесто кога се мисли на земјата се употребува последното официјално име (Социјалистичка Федеративна Република Југославија) кое останало најголем период како официјално име на оваа земја. Од трите официјални југословенски јазици, српскохрватската и македонската варијнта за името на земјата била иста, додека словенечката се разликувала помалку во спелувањето на зборот „Социјалистичка“:
 
* [[Српскохрватски јазик|српскохрватски]] и [[македонски јазик|македонски]] јазик:
** [[латиница]]: ''Socijalistička Federativna Republika Jugoslavija''.
** [[кирилица]]: ''Социјалистичка Федеративна Република Југославија''.
* [[словенечки јазик]]: ''Socialistična federativna republika Jugoslavija''.
** Socialistična federativna republika Jugoslavija
 
Поради големината на името често биле користени кратенки кои се однесувале на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, иако државата најпозната била само како „Југославија“. Најчестата и најупотребувана кратенка е „СФРЈ“, иако „СФР Југославија“ истотака било употребувано во официјална улога, посебно од страна на медиумите.
3.880

уредувања

Прегледник