Прејди на содржината

Разговор со корисник:Sashko1999

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Sashko1999, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--Ehrlich91 (разговор) 19:37, 26 март 2018 (CEST)[одговори]

Опомена

[уреди извор]

Предупредување за твоите придонеси, особено во клучни статии, чии промени, мора најпрвин да бидат дискутирани на самите страници на разговор, а не преку директно уредувања и вршење на големи промени. Не може еден уредник да оценување што е теорија, претпоставка, дали треба да стои таму или не, без поширока расправа од самата заедница. Предложувај вакви измени најпрвин на страниците на разговор на соодветните статии, во спротивност при следна ваква промена, ќе бидеш блокиран од моја страна. --Ehrlich91 (разговор) 21:17, 4 октомври 2016 (CEST)[одговори]

Втора опомена

[уреди извор]

Продолжуваш да правиш ситни, но чести промени во големи и читани статии. Одредени промени ти се прифатливи и ти ги прифаќам, но одредени се целосно неприфатливи и ти пишувам образложение кога ти ги одбивам, но ти продолжуваш да ги правиш. Така тоа не оди. Не планирам јас на секое да враќам промени, кои веќе еднаш сум ги одбил. Читај ги образложенија, поставувај прашања на страниците за разговор, затоа што во спротивно, ќе бидам приморам да реагирам со казнени мерки. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 22:41, 24 октомври 2016 (CEST)[одговори]

Блокирање

[уреди извор]

Доби две опомени од моја страна. Сето понатамошни непочитување на дадените упатства и насоки, како и целосното игнорирање на моите совети, препораки и образложенија, ќе водат само кон понатамошни поголеми блокирања. Прочитај ги моите опомени, не планирам да се повторувам. --Ehrlich91 (разговор) 18:58, 25 октомври 2016 (CEST)[одговори]

Предупредување

[уреди извор]

Здраво, сакаш да уредуваш теми кои се историски и кои се чувствителни, а бидејќи ова е енциклопедија, доколку сакаш да уредуваш на такви теми, тогаш треба да имаш извори и да употребуваш наводи, буквално за секој искажан збор. Да не зборам дека твоето досегашно однесување на враќање на уредувања, терање по свое, прекројување на статии и неупотребување на извори е само добра волја на фактот што не си блокиран. Те замолувам да го сфатиш ова како крајно предупредување, бидејќи не можам да одам по твоите придонеси и да ги враќам, бидејќи не користиш никакви извори со кои би ги поткрепил твоите извори. Очекувам разбирање од твоја страна, а доколку не знаеш како се користат наводи, те молам обрати ми се. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:53, 6 април 2017 (CEST)[одговори]

Sashko1999 (разговор) 22:56, 6 април 2017 (CEST) Па за одредени работи нема никакви извори и во сегашниот текст, и многу е погрешно напишан, а за овие работи кои јас ги изменив не се потребни извори бидејќи се општо познати, така да пак ќе ги изменам и нема потреба да ги отповикувате измените, бидејќи јас гарантирам за точноста на информациите.[одговори]

@Sashko1999: Гледам дека воопшто не ме разбираш, а не ја ни разбираш суштината на Википедија. Ако сегашниот текст не ти се допаѓа, се ставаат шаблони како „факт“ „се бараат извори“, во кој нагласуваш дека нешто не ти се допаѓа и дека бараш тој што го ставил да потврди тоа што го вели. Ова е енциклопедија и не се прифаќаат оригинални истражувања, ниту изнесувања сопствени гледишта, па така, доколку продолжиш со своеглаво уредување, да си знаеш дека ќе бидеш блокиран од моја страна во истиот момент. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 23:07, 6 април 2017 (CEST)[одговори]

Sashko1999 (разговор) 23:26, 6 април 2017 (CEST)Не е поентата дали на мене ми се допаѓа текстот или не, поентата е дека се пишуваат глупости, квалитетот на статиите е нула, јас само сакам да помогнам, ама ако ти не прифаќаш, тогаш добро, нека се смеат луѓето кога ќе читаат.[одговори]

И јас се најдов во ситуација да отповикам некои од твоите уредувања. Интересен факт што го споделуваш овде е твоето тврдење дека „јас гарантирам за точноста на информациите“. Ова не е Википедијанска политика. Како тоа ти гарантираш? Кој си ти за да гарантираш? :) - Виолетова (разговор) 00:36, 7 април 2017 (CEST)[одговори]

За биографиите

[уреди извор]

Здраво Сашко и едно големо браво за ентузијазмот со кој уредуваш. Само ќе си дозволам два совети во врска со твоите скорешни уредувања. Прво, „југословен“ не е националност, иако има луѓе како Раде Шербеџија кои се декларираат како Југословени. Така што во никој случај не можеме Илија Најдовски или Дарко Панчев да ги опишеме како југословенски фудбалери без разлика што настапувале за фудбалската репрезентација на СФРЈ. Тие се Македонци по националност и аналогно на тоа треба да стои македонски фудбалери.

Друга работа, избегнувај да користиш „актуелен министер“ бидејќи министерската функција не е од траен карактер и за некоја година некој друг ќе биде министер. Многу се изнамачивме да ги средиме биографиите на поранешните министри бидејќи во секоја нивна статија пишувало „актуелен“ иако не биле актуелни но немало кој да ги ажурира статиите. Толку од мене и имај пријатна работа.--Retrohead (разговор) 12:31, 21 јуни 2017 (CEST)[одговори]

Вака, што се однесува до националноста сакам да појаснам дека Југословен е бил секој оној кој имал југословенско државјанство, односно бил граѓанин на Југославија, без разлика на неговата етничка припадност. Затоа е во ред некоја личност да биде претставена како југословенска, без разлика на која етничка група тој/таа припаѓала. Инаку точно е дека Југословен не претставува етничка припадност, иако за време на Југославија луѓето имале право да се декларираат како етнички Југословени. Исто така Македонец е секој оној кој има македонско државјанство, односно е граѓанин на Република Македонија. Етничката припадност не е битна во случаи каде што се пишува МАКЕДОНСКИ фудбалер, политичар, музичар и тн., туку е битна поврзаноста на таа личност со државата. На пример имаме фудбалери во репрезентацијата кои се етнички Албанци, ама за нив пишува дека се македонски фудбалери, бидејќи играат за Македонија. Значи овде се гледа поврзаноста на личноста со државата, не е битна етничката припадност. https://mk.wikipedia.org/wiki/Агим_Ибраими Еве еден пример, Агим Ибраими е македонски фудбалер, затоа што е поврзан со Македонија, односно игра за фудбалската репрезентација на Македонија, не е битна неговата етничка припадност. Ако гледаме според твојата логика, треба да стои: Агим Ибраими е албански фудбалер, бидејќи е етнички Албанец. Исто така ова важи за министрите Албанци во ладата на РМ. https://mk.wikipedia.org/wiki/Бујар_Османи Бујар Османи е македонски политичар, бидејќи е поврзан со Македонија, осносно со политиката во Македонија, тој е етнички Албанец ама тоа во овој случај не е важно. Неговата националност е потенцирана во неговите лични податоци, таму пишува дека тој по националност/етничка припадност е Албанец, меѓутоа станува збор за македонски политичар, бидејќи е македонски државјанин.

Затоа мислам дека е сосема во ред за личностите како Дарко Панчев, Илија Најдовски и многу други спортисти, политичари, и тн., да бидат окарактеризирани и како југословенски и како македонски спортисти, политичари и сл., бидејќи во конкретните случаи, Дарко Панчев и Илија Најдовски биле државјанини и на Југославија и на Македонија, впрочем на Македонија се уште се. Исто така тие имаат настапувано и во време на Југославија и во време на Македонија, и имаат играно и за репрезентацијата на Југославија и на Македонија. Пак ќе повторам, националноста/етничката припадност не е битна овде, битна е поврзаноста на овие личности со државата, а тие биле поврзани и со Југославија и со Македонија, со која што се сеуште се поврзани.

Се надевам дека бев доволно јасен во моето објаснување, ако имате некои приговори, повелете, напишете ги, ако не, ќе продолжам да ги корегирам статиите за овие личности, а и за останатите за кои има потреба од корегирање. Sashko1999 (разговор) 20:55, 21 јуни 2017 (CEST)[одговори]

Епитетот пред професијата се однесува на националноста на личноста, а за Панчев и Најдовски не можеш да напишеш дека биле југословени бидејќи настапувале и за фудбалската репрезентација на Македонија. Како што и самиот истакна, Југословен не е етничка припадност и како таква не треба да се користи при описот во биографиите. Друга работа, треба да имаш консензус за работи кои се оспорени од некој уредник, а за оваа работа гледам има и други уредници кои не се согласуваат. Така што не е продуктивно да враќаш спорни уредувања без претходно да се испеглаат разликите.--Retrohead (разговор) 22:33, 21 јуни 2017 (CEST)[одговори]

Не е точно, епитетот се однесува на поврзаноста на личноста со државата, ако е поврзан со Македонија тогаш треба да стои македонски, не е битно која националност е личноста. Како што кажав, Панчев и Најдоски настапувале и за Југославија и за Македонија, затоа се и југословенски и македонски фудбалери. Ако е така како што ти велиш, тогаш зошто за етничките Албанци стои дека се македонски фудбалери. Еве го примерот со Агим Ибраими, тој не е етнички Македонец, ама стои дека е македонски фудбалер. Патем, еве ја англиската верзија за Дарко Панчев, таму убаво си пишува дека тој е југословенски и македонски фудбалер. https://en.wikipedia.org/wiki/Darko_Pančev

Уште еден доказ за мојата теза, се однесува на швајцарските фудбалери, етнички швајцарци не постојат, а за сите фудбалери пишува дека се швајцарски фудбалери, затоа што се поврзани со државата Швајцарија, односно се швајцарски државјани, националноста не е битна. https://mk.wikipedia.org/wiki/Блерим_Џемаили На пример Блерим Џемаили е етнички Албанец, ама е роден во Македонија, подоцна преселен во Швајцарија и сега игра за Швајцарската фудбалска репрезентација. Е сега никаде не пишува дека тој е албански фудбалер, туку пишува дека е македонски, бидејќи е поврзан со Македонија (тука е роден), и швајцарски, бидејќи е поврзан со Швајцарија, има швајцарско државјанство и игра за швајцарската фудбалска репрезентација. Sashko1999 (разговор) 23:01, 21 јуни 2017 (CEST)[одговори]

За уредувањата

[уреди извор]

Здраво. За луѓето родени во Македонија од 1945 до 1991 користиме СРМ наместо СФРЈ. Второ немој никогаш пред Македонија да пишуваш Република. Државни редувања не пишуваме. Ни кралства, ни војводства, па ни републики. Позз и пријатно уредување. --Р ашо 23:22, 22 јуни 2017 (CEST)[одговори]

Здраво, гледам дека користите СРМ, ама тоа е погрешно, бидејќи Социјалистичка Република Македонија била федерлана единица (република) на Југославија, а не држава. Затоа мислам дека е правилно да се напише градот и државата, а државата од 1945 до 1991 се викала Југославија. Инаку, јас не напишав Република пред Македонија, напротив, го избришав зборот Република пред Македонија. Sashko1999 (разговор) 23:35, 22 јуни 2017 (CEST)[одговори]

Блокирање

[уреди извор]

Те известувам дека беше блокиран од моја страна во траење од три дена поради вршење многу промени во страници за кои е потребна дискусија од заедницата. Воедно, твоите промени беа насочени кон покажување на едната страна од историја, а не земајќи в предвид другите извори, што само по себе е контрадикторно на Википедија, која ја негува неутралната гледна точка. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:37, 2 октомври 2017 (CEST)[одговори]

Па јас мислев дека поставување на релевантен извор за моите тврдења е доволно за да извршам промена. Патем, други извори претходно немаше. Sashko1999 (разговор) 19:16, 2 октомври 2017 (CEST)[одговори]

Дали ќе може да бидам одблокиран? Sashko1999 (разговор) 14:22, 4 октомври 2017 (CEST)[одговори]

Бугари

[уреди извор]
Не постои на македонски збор „булгари“. Како се нарекувале ич не е битно, битно е како ние збориме денес. Поздрав--Никола Стоіаноски 14:59, 2 јануари 2018 (CET)[одговори]

Блокирање

[уреди извор]

Поради твоето самоволно однесување, преименување на страници, без дискусии со останати членови, кои отворено не се согласија со тебе, како и целовреме одбивање за совети и земајќи ги в предвид и претходните опомени и блокирање, те информирам дека повторно ќе бидеш блокиран. Се надевам дека ќе сфатиш како функционира Википедија и дека не прифаќаме самоволие. --Ehrlich91 (разговор) 17:13, 27 јануари 2018 (CET)[одговори]

Во врска со оваа тема, почнав дискусија, ама никој ништо не пишува. https://mk.wikipedia.org/wiki/Разговор:Бугаризам Sashko1999 (разговор) 17:32, 27 јануари 2018 (CET)[одговори]

Во врска со статијата за турските јазици, правилниот назив е туркиски јазици, а не турски бидејќи турскиот јазик е еден јазик, а не група на јазици. На англиски турски јазик се пишува Turkish language, а туркиски јазици Turkic langauges, значи не е ист терминот. https://en.wikipedia.org/wiki/Turkish_language https://en.wikipedia.org/wiki/Turkic_languages Sashko1999 (разговор) 17:37, 27 јануари 2018 (CET)[одговори]

Како прво, темата си ја отворил на 26 јануари (тоа е еден ден претходно), веројатно не сите од нас се на копче и одма реагираат. Потоа, ова е Википедија на македонски јазик, па затоа доколку тврдиш дека „туркиски“ постои во литературата на македонски јазик и е така опишуван на македонски јазик, те молам предочи ни го тој факт. Не примаме странски термини и како тие се регулирани на други јазични изданија на Википедија. За сето ова можеше директно мене, други корисници или пак да се обратеше на Селска чешма, а не да менуваш самоволно. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:31, 27 јануари 2018 (CET)[одговори]

Турски јазици

[уреди извор]

Колку пати треба да ти објаснувам дека Википедија не функционира на поимање од страна на поединец туку ја предводи група, па така треба да покажеш факти кои ќе докажат дека на македонски јазик, турската група на јазици се нарекува „туркиски“ (како што тврдиш), а не самоволно да променуваш по статии. Воедно, ситните уредувања кои ги вршиш по статии, не можат да поминат доколку во тие внесуваш и вакви спорни работи. Најдобронамерно те опоменувам, но доколку повторно не покажеш интерес првин да покажеш факти и само да вршиш промени во статиите, ќе следи блокирање на подолг период. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:37, 26 март 2018 (CEST)[одговори]

Во ред, еве најдов докази дека оваа група на јазици се нарекува туркиски, а не турски. Првиот доказ е од книга напишана од универзитетска професорка, така да мислам дека е релевантен доказот, вториот доказ е од сајтот на иранскиот културен центар за Србија и Македонија, а третиот од еден македонски сајт.

http://eprints.ugd.edu.mk/3320/1/__fileserver_userfiles$_violeta.nikolovska_Desktop_e- posta_Македонски јазик_скрипта.pdf

Според некои истражувачи, се смета дека во светот се зборуваат околу 3000 јазици, кои се групираат во 19 јазични семејства. Ќе споменеме некои од нив: индоевропски јазици, семитско-хамитски јазици, баскиски, кавкаски, угрофински јазици (унгарски, фински, естонски, лапонски), туркиски (турски, татарски), монголски, азиски (надвор од другите јазични семејства, меѓу кои се и јапонскиот и корејскиот јазик), палеосибирски јазици, кинеско-тибетски, јазиците во Австралија и Океанија, американските индијански јазици.

http://iran.mk/about-iran/about-iran-1

Кога станува збор за јазиците, и тука доминира изразена разноликост. Повеќе од половина од населението на Иран – околу 58% – зборува персиски јазик или некој од неговите дијалекти, додека туркиски јазици и дијалекти зборува 26% од популацијата, курдски 9%, лори 2%, балучи 1%, арапски 1%, турски 1%, а останатите јазици се застапени со околу 2%.

http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/narodite-na-sibir/

Тувинската Република се наоѓа на јужниот дел на Сибир, по должина на границата со Монголија и Кина. Со векови тие потпаѓале под власта на моќните соседи. Тува конечно во 1912 година прогласила независност од Кина и веднаш станала руски протекторат. Тувинците се многу сродни со Монголите и нивниот јазик, иако според потеклото главно е туркиски, имаат многу монголски зборови. Тие имаат богата музичка традиција – познати се по „грленото пеење“, каде еден човек произведува повеќе ноти одеднаш и ги обликува во мелодија. Sashko1999 (разговор) 21:56, 28 март 2018 (CEST)[одговори]

Стави ги овие извори и други како наводи од каде го користиш името, а не да пишуваш има докази на мојата страница. Се ставаат наводи при користење на терминот во самата статија. --Ehrlich91 (разговор) 21:54, 31 март 2018 (CEST)[одговори]

Заборавив, ама сега ставив 3 наводи. Патем, зошто ми е поништено уредувањето во оваа статија https://mk.wikipedia.org/wiki/Бугари_(појаснување)?, дадов објаснување за измените, а можам да го докажам и моето тврдење. Имено, во руската федерална Република Татарстан постојат мал број на луѓе кои се нарекуваат Булгари (што преведено од руски на македонски значи Прабугари). Значи Прабугари=Булгари, а Бугари=Болгари, мислам дека е совршено јасна транскрипцијата на овие два народи и затоа неточно е во појаснувањето за Бугарите да стои дека Татарите се нарекуваат така. Sashko1999 (разговор) 23:15, 31 март 2018 (CEST)[одговори]

@Sashko1999: Беше отфрлено затоа што нема ниеден извор, а повторно правиш големи измени. За секоја голема измена треба извори и дискусија во заедницата, да се разговара со другите корисници, особено тој што го напишал претходното, а не веднаш да се изменува. --Ehrlich91 (разговор) 16:13, 1 април 2018 (CEST)[одговори]

Па нема извор и за сегашното тврдење, затоа јас и го избришав бидејќи како што кажав, не е точно. А и мислам дека за вакви работи не се потребни извори, општопознато е како се именуваат овие народи, барем за оние кои добро ги познаваат терминологиите. Сепак, еве ќе посочам и неколку докази. Ова е од страницата Прабугаризам, тука, како што може да се види, народноста на една жителка на руската република Татарстан во овој руски пасош издаден во 1996 година, е Булгарка, преведено од руски на македонски Прабугарка. https://mk.wikipedia.org/wiki/Прабугаризам#/media/File:Tatar-bugar_passport.jpg Еве и една книга напишана од Алфред Халиков, познат археолог од руската република Татарстан, каде што тој пишува дали денешните Татари се Прабугари или Татари, на руски Булгари или Татари. https://mk.wikipedia.org/wiki/Алфред_Халиков#/media/File:Kembez.jpg Еве и една статија на еден руски сајт за Прабугарите (на руски Булгарите). http://www.bulgars.ru/stati/aliens.htm Мислам дека е јасно дека Булгари преведено од руски на македонски значи Прабугари.

Еве и докази дека Бугари на руски се пишува Болгари. Ова е од официјалниот сајт на Министерстовото за Образование и Наука на Руската Федерација, тука се наборени балтословенските народи во кои се споменуваат и Бугарите. https://минобрнауки.рф/m/новости/6943 Балтские народы – латыши и литовцы; восточные славяне – белорусы, русские, украинцы; западные славяне – кашубы, поляки, словаки, сорбы, чехи; южные славяне – болгары, боснийцы, македонцы, сербы, словенцы, хорваты. Еве статија за Бугарите и на Големата руска енциклопедија, и тука може да се види дека на руски Бугари се пишува Болгари. https://bigenc.ru/ethnology/text/3438772 Еве и уште еден сајт на руски јазик за Бугарите (на руски Болгарите). http://www.bessarabia.ru/bolg.htm Sashko1999 (разговор) 17:25, 1 април 2018 (CEST)[одговори]

Одмоми сега едно 2 саата. Додека не се реши ова твое вандализирање. Како што во Европа има германски, романски и словенски јазици, така има и турски. Туркиски како поим можеби има во Бугарија, но тука не.--Рашо 17:50, 5 април 2018 (CEST)[одговори]

Го средивме тоа со турските јазици, имам дозвола да ги редактирам во туркиски, прашај го за ова Ehrlich91. Sashko1999 (разговор) 17:54, 5 април 2018 (CEST)[одговори]
Ќе разговарам и со нив. Во меѓувреме ќе се занимавам со правописот. Позз--Рашо 18:07, 5 април 2018 (CEST)[одговори]


Пренасочување

[уреди извор]

Не се прај паметен, не пренасочувај. Не за џабе сме остаеле така.--Никола Стоіаноски 15:29, 14 февруари 2019 (CET)[одговори]

Што пренасочувам? Sashko1999 (разговор) 15:32, 14 февруари 2019 (CET)[одговори]

Тракиски

[уреди извор]

Не може нешто што ти текнало без да го поткрепиш со македонски извори да си менуваш по статии. Повеќе пати ти имам испраќано опомени и ова е уште една, следна ваква твоја постапка, ќе следи блокирање од моја страна, бидејќи не може после тоа да средувам твои хирови, бидејќи не си проверил нешто и само си менуваш по твое. --Ehrlich91 (разговор) 16:39, 14 април 2019 (CEST)[одговори]

Мислев дека за општопознати работи не е потребен извор, но добро, штом е потребен, еве еден релевантен македонски извор кој покажува дека се пишува тракијски, а не тракиски.

https://books.google.mk/books?hl=bg&id=KaDiAAAAMAAJ&dq=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0+%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0&focus=searchwithinvolume&q=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8 Sashko1999 (разговор) 17:41, 14 април 2019 (CEST)[одговори]

@Sashko1999: Согласката „ј“ во македонскиот јазик не се пишува кај придавки коишто завршуваат на -ски изведени од именки на -ија (Правопис на македонскиот јазик, 2015: 12). Со оглед на тоа што „Тракија“ е именка којашто завршува на -ија, изведената придавка според ова правописно правило е „тракиски“. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:18, 14 април 2019 (CEST)[одговори]

Кампања на меѓународно ниво за вметнување на фотографии/слики во статиите на кои им недостигаат

[уреди извор]

Почитуван Sashko1999.

Сакам да ве известам за кампањата на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во википедиските статии на кои им недостигаат наречена „Статии без илустрација“ или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP). Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации, кои веќе постојат на Ризницата, и да се вметнат во соодветните статии на Википедија. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“. Кампањата трае од 1 јули од 31 август 2020 година и има награден фонд од 1.000 евра (1 награда – ваучер од вредност од 12 илјади денари и 8 награди – ваучери од вредност од 6 илјади денари).

Дополнително, може да се освои и една од меѓународните награди бидејќи учесникот паралелно учествува на домашната и меѓународната кампања. Наградниот фонд на меѓународната кампања е: прва награда ваучер од 500 долари (САД); втора награда 400 долари; трета награда 300 долари. Како дополнителни награди се: награда за учесник кој поставил најголем број звучни илустрации во статии 200 долари; награда за учесник кој поставил најголем број на видео илустрации во стати 200 долари; награда за учесник кој е нов на Википедија и поставил најголем број на илустрации во статии 200 долари.

Учесникот за да влезе во кругот на добитниците треба да закачи илустрации на најмалку 100 статии.

Страница за кампањата која претставува и прирачник како се учествува.

Доколку учествувате, среќно!

Dandarmkd (разговор) 13:50, 30 јуни 2020 (CEST)[одговори]

Бугоромани/Бугарофили

[уреди извор]

Категориите не може да ги бришеш туку така со опис „навредлив“ термин. За кој е навредлив термин? Според кого? На бугарската Википедија има терминологија далеку понавредлива од тукашната, така што ќе те замолам без вакви уредувања. Воедно, бришење цели пасуси од статии нема да толерирам и ова сметај го за опомена. --Ehrlich91 (разговор) 21:58, 9 април 2021 (CEST)[одговори]

Според мене ние треба да си ја гледаме нашата википедија, треба да бидеме објективни и да не употребуваме навредливи зборови кон ниту една група на луѓе. Тоа што на бугарската википедија има навредливи термини, си е работа на бугарските уредувачи, тие треба да се занимаваат со тоа. Sashko1999 (разговор) 22:08, 9 април 2021 (CEST)[одговори]

Вандализам

[уреди извор]

Сакам да те известам дека си пријавен за вандализам на статијата Бугари - овдеForbidden History (разговор) 07:56, 17 мај 2021 (CEST)[одговори]

Пријава

[уреди извор]

Сакам да ве известам дека сте пријавен за Марионество на следниов линк Википедија:Огласна табла за администратори#Марионетство Forbidden History (разговор)