Балтазар Нојман: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава no:Balthasar Neumann
Ред 59: Ред 59:
[[nl:Balthasar Neumann]]
[[nl:Balthasar Neumann]]
[[ja:バルタザール・ノイマン]]
[[ja:バルタザール・ノイマン]]
[[no:Balthasar Neumann]]
[[pl:Balthasar Neumann]]
[[pl:Balthasar Neumann]]
[[pt:Balthasar Neumann]]
[[pt:Balthasar Neumann]]

Преработка од 18:57, 26 февруари 2013

Балтазар Нојман
Balthasar Neumann
Банкнота од 50 германски марки (1996) со ликот на Балтазар Нојман
Роден(а)јануари 27, 1687(1687-01-27)
Егер, Карлсбад, Чешко кралство
Починал(а)август 19, 1753(1753-08-19) (возр. 66)
Вирцбург, Долна Франконија, Света Римска империја
ЗданијаВирцбуршки дворец,
Базилика на Четиринаесетте Светци

Јохан Балтазар Нојман (герм. Johann Balthasar Neumann) (27 јануари 1687 - 19 август 1753) бил германски воен инженер и архитект со свој карактеристичен стил на барокна архитектура, сплотувајќи австриски, чешки, италијански и француски елементи во своите проекти, создавајќи едни од најимпресивните зданија на своето време, меѓу кои се Вирцбуршкиот дворец и Базиликата на Четиринаесетте Светци („Фирценхајлинген“).

Биографија

Внатрешноста на Фирценхајлинген

Нојман е роден во Егер (Хеб), Чешка (Бохемија). Во 1711 година се преселил во Вирцбург, додека во 1717 нашол покровителство кај семејството Шенборн. Тој бил одговорен за сите градежни потфати на шенборнскиот кнез и епископ на Вирцбург. Нојман починал во Вирцбург, Германија.

Дела

Најпознатото дело на Нојман е Вирцбуршкиот дворец, кој се смета за еден од најубавите и најускладени палати во Европа, а базиликата Фирценхајлинген некои ја сметаат за бисер на тој период.

Неговото последно дело е црквата на Посетата на Богородица, барокно ремек-дело кое се наоѓа близу Елтман на Мајна.

Паметници

Неговиот лик може да се види на банкнота од поранешни 50 германски марки заедно со прочуеното скалиште во Вирцбуршкиот дворец. Нојман е овековечен на еден од фреските на Џовани Батиста Тјеполо во истиот дворец, прикажан во псевдовоена униформа, како се потпира врз топ. Тој се фалел дека таванот е така добро конструиран, што дури ни топ не може да го сруши.

Вирцбуршкиот дворец со градините

Надворешни врски