Фолна киселина: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с r2.6.3) (Бот Додава: simple:Folic acid |
с r2.6.5) (Бот Менува: ko:엽산 |
||
Ред 32: | Ред 32: | ||
[[fa:ویتامین ب۹]] |
[[fa:ویتامین ب۹]] |
||
[[fr:Vitamine B9]] |
[[fr:Vitamine B9]] |
||
[[ko: |
[[ko:엽산]] |
||
[[hi:फोलिक एसिड]] |
[[hi:फोलिक एसिड]] |
||
[[hr:Vitamin B9]] |
[[hr:Vitamin B9]] |
Преработка од 12:02, 7 октомври 2011
Фолната киселина (позната и како витамин B9[1] или фолацин) и фолатот (природната форма), како и птероил-L-глутаминската киселина и птероил-L-глутаматот се форми на водорастворливиот витамин B9. Овој витамин е есенцијална хранлива состојка и е важен за многу процеси, како биосинтеза на нуклеотиди и реметилација на хомоцистеин. Тој е особено важен во периодите на брза делба на клетките и раст. На возрасните и децата им е потребен овој витамин за создавање на здрави еритроцити и за спречување на анемија.[2] Името доаѓа од латинскиот збор folium што значи лист.
Недостигот на фолна киселина доведува до фолатна дефициенција.
Дејство врз организмот
Фолната киселина помага при делбата на клетките. Неопходна е за образување на плацентата и за изградбата на коскената срж на ембрионот. Најдобар извор на овој витамин се непреработените зеленчуци - салатите, спанаќот, гравот, магдоносот, брокулите, како и лебот. Фолната киселина ја има во црниот дроб, меките сирења, агрумите, овесните зрна и пченичниот зародиш.
Наводи
Оваа статија од областа на биохемијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |