Прејди на содржината

Сојуз на демократските сили (Бугарија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сојуз на демократските сили
Съюз на демократичните сили
ВодачРумен Христов
Основана7 декември 1989; пред 34 години (1989-12-07)
ШтабСофија
ИдеологијаДемохристијанство
Економски либерализам
Антикомунизам
Полит. положбаЦентар-десно
Европска припадностЕвропска народна партија
Боисина
Мрежно место
www.sds.bg
Политика на Република Бугарија
Политички партии
Избори

Сојузот на демократските сили (СДС) е политичка партиjа во Бугарија со десна ориентација. Член е на Европската народна партија. СДС е првата партија, создадена по падот на комунизмот во земјата во 1989. Таа е партијата што ги започнала демократските реформите во Бугарија.

Од редовите на СДС досега биле избрани два претседатела на Бугарија, и тоа Жељу Желев (педесет и втор претседател на Бугарија), кој бил претседател на Бугарија од 1990 до 1996 година, и Петар Стојaнов (педесет и трет претседател на Бугарија), кој бил претседател од 1996 до 2001 година. СДС имала две влади - при првата (1991-1992) премиер бил Филип Димитров, а при втората (1997-2001) - Иван Костов.

По поразот на изборите во 2001 година, СДС се поделила на три дела - Сојуз на демократски сили со водач Надежда Михаjлова, дотогашниот премиер Иван Костов ја формирал партијата Движење за силна Бугарија, а влијателниот поранешен градоначалник на Софија, Стефан Софијански - Сојузот на слободни демократи.

Денес претседател на СДС е Румен Христов.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]