Сојуз на демократските сили (Бугарија)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Сојуз на демократските сили Съюз на демократичните сили | |
|---|---|
| Водач | Румен Христов |
| Основана | 7 декември 1989 |
| Штаб | Софија |
| Идеологија | Демохристијанство Економски либерализам Антикомунизам |
| Полит. положба | Центар-десно |
| Европска припадност | Европска народна партија |
| Бои | сина |
| Мрежно место | |
| www.sds.bg | |
| Политика на Република Бугарија Политички партии Избори | |
Сојузот на демократските сили (СДС) е политичка партиjа во Бугарија со десна ориентација. Член е на Европската народна партија. СДС е првата партија, создадена по падот на комунизмот во земјата во 1989. Таа е партијата што ги започнала демократските реформите во Бугарија.
Од редовите на СДС досега биле избрани два претседатела на Бугарија, и тоа Жељу Желев (педесет и втор претседател на Бугарија), кој бил претседател на Бугарија од 1990 до 1996 година, и Петар Стојaнов (педесет и трет претседател на Бугарија), кој бил претседател од 1996 до 2001 година. СДС имала две влади - при првата (1991-1992) премиер бил Филип Димитров, а при втората (1997-2001) - Иван Костов.
По поразот на изборите во 2001 година, СДС се поделила на три дела - Сојуз на демократски сили со водач Надежда Михаjлова, дотогашниот премиер Иван Костов ја формирал партијата Движење за силна Бугарија, а влијателниот поранешен градоначалник на Софија, Стефан Софијански - Сојузот на слободни демократи.
Денес претседател на СДС е Румен Христов.