Сир Дарја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сир Дарја
سیردریا
Јаксарт, Сајхун
Река
Сир Дарја кај Кизилорда, Казахстан
Земји Киргистан, Узбекистан, Таџикистан, Казахстан
Притоки
 - леви Кара Дарја
 - десни Нарин, Чирчик, Арис, Чу, Сарису
Градови Хуџанд (ТЏ), Ташкент (УЗ), Туркестан (КЗ), Кизилорда (КЗ)
Извор спој од Нарин и Кара Дарја
 - место Ферганска Долина, Узбекистан
 - височина 400 м
 - координати 40°54′03″N 71°45′27″E / 40.90083° СГШ; 71.75750° ИГД / 40.90083; 71.75750
Утока Аралско Езеро
 - местоположба Казали, Казахстан
 - височина 42 м
 - координати 46°09′15″N 60°52′25″E / 46.15417° СГШ; 60.87361° ИГД / 46.15417; 60.87361
Должина 2.212 км
Слив 402.760 км2
Истек
 - просечен 1.180 м3 [1]
Карта на сливот на Сир Дарја (1960)
Карта на сливот на Сир Дарја (1960)
Карта на сливот на Сир Дарја (1960)

Сир Дарја (персиски: سيردريا; таџички: Сирдарё; казашки: Сырдария ; арапски: سيحون; узбечки: Sirdaryo) — река во Средна Азија. Во антиката се нарекувала Јаксарт (од староперсискиот назив Јахша Арта = „Голема Бисерна“). Во сите средновековни арапски текстови реката се нарекува Сајхун (سيحون) и претставува една од четирите реки што извираат од Рајот (другите три се Аму Дарја, Нил и Еуфрат).[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Реката настанува од два извора во масивот Тјеншан (Тенгирто) во Киргистан и источен Узбекистан — реките Нарин and и Кара Дарја. Тече во должина од 2.212 км во западен и северозападен Узбекистан и јужен Казахстан, па завршува во Аралското Езеро. Сливното подрачје зафаќа површина од 800.000 км2, но удел во снабдувањето на реката имаат највеќе 200.000 км2. Сир Дарја има мошне скромен истек[1] од 37 км2 годишно, што е само половина од оној на Аму Дарја.

По течението рекака ги снабдува со вода најполодните полиња на памук во цела Средна Азија, но и градовите Коканд, Хуџанд, Кизилорда и Туркестан.

Историја[уреди | уреди извор]

Реката Сир Дарја ја бележела северната граница на Македонската империја. По Битката кај Јаксарт (329 п.н.е.), Александар III Македонски го проширил и преименувал тогашен Кирополис, претворајќи го во градот Крајна Алекандрија (Александрија Есхата).

За времето на Кокандскиот ханат во XVIII век е изградена голема каналска мрежа низ пределите кајшто тече реката. Во советскиот период се направени многу крупни потфати во системот за наводнување, на памучните полиња, што подоцна предизвикало големи еколошки оштетувања. По овие прекопи, реката секнува долго пред да стаса до Аралското Езеро, и затоа истото е сведено на мал остаток од некогашното езеро. Во памукопроизводните краишта денес живеат милиони жители, што претставува значајна потешкотија во обидите да се поврати полноводноста на езерото.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]