Прејди на содржината

Силенд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кнежевство Силенд
Principality of Sealand  (англиски)
Микронација
Знаме
Гесло: "E Mare Libertas"
"Од морето, Слобода"
Химна: "E Mare Libertas"
Местоположбата на Силенд
Местоположбата на Силенд
Местоположбата на Силенд
Главен град
(и најголем)
Силенд
51°53′N 1°28′E / 51.883°N 1.467°E / 51.883; 1.467
Службен јазик англиски
Народности  Европејци
северноамериканци
Демоним силендец
Уредување Уставна монархија
   Принц Мајкл Бејтс
Основана
   Основање 2 септември 1967 
Површина
   Вкупна 0,004 км2 
Население
   проценка за 2024 г. 3 
БДП (ПКМ) проценка за  г.
   Вкупен $600,000 
   По жител $22,200[1] 
Валута Силендски долар (иста ведност со USD) (SX$)
Часовен појас GMT
Страница
sealandgov.org

Силенд (англиски: Principality of Sealand) е микродржава која полага право на вештачкиот остров Раф Тауер, воена платформа од Втората светска војна во Северното Море, 10 км од брегот на Велика Британија (на координатите 51°53′ 40 N°1′ 28), како и на територијалните води околу во пречник од 12 наутички милји. Силенд го зазел Педи Рој Бејтс со семејството и соработниците, кои себеси се прогласил како Принц Рој од Силенд.

Силенд е веројатно светски најпознатата микродржава, и иако нејзиниот суверенитет ретко се сфаќа сериозно, примерот на Силенд неретко се цитира во дебатите за меѓународното право.

Историја

[уреди | уреди извор]

Изградба на платформата

[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна, британската влада изградила неколку платформи во Северното Море за да ги брани своите брегови од германските освојувачи. Некои од овие платформи (вклучувајки го и Силенд) биле изградени нелегално во меѓународни води.[2]

Прогласување на Силенд

[уреди | уреди извор]

Во раните 60-ти, Рој Бејтс, мајор во британската армија, нелегално основал радио станица, сместена на крајбрежјето на напуштена поранешна поморска платформа наречена „Кук Џон“. [2]

Битки за суверенитет

[уреди | уреди извор]

Набргу по прогласувањето на независноста, принцот Мајкл, одби седум обиди за вооружена инвазија, употребувајќи арсенал пиштоли и рачно изработени проектили. Кон крајот на шеесетите години, Силенд ќе се најде во борба за опстанок на неколку фронтови бидејќи британската влада станала свесна за Силенд и за потенцијалните проблеми поврзани со новата земја на седум милји од нивниот брег.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта на Силенд на која се прикажани територијалните води кои се предмет на жалби

Силенд официјално е дел од британските територијални води. Оддлачен е околу 7 милји од британскиот брег. Зафаќа површина од 550 m² и бројот на престојувачи ретко надминува петмина луѓе.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Information on the Principality of Sealand including GDP“ (PDF). Summit of Micronations. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-15. Посетено на 2007-11-13.
  2. 1 2 3 „History of a Nation“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]