Сандово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споменик на паднати борци во Втората светска војна

Сандово (руски: Сандово) е населено место со административен статус на мало гратче во европскиот дел на Руската Федерација и административниот центар на Сандовскиот реон сместен на крајниот североисток на Тверската област.

Според проценките на националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 3.382 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Гратчето Сандово се наоѓа во североисточниот дел на Тверска област, местото каде што реката Ратиња се влева во нејзинатапритока Орудовка (двете реки припаѓаат на сливот на реката Волга). Населбата се наоѓа на околу 248 километри североисточно од административниот центар на градот Твер.

Низ малото гратче поминува важна железничка пруга на релација Москва - Каљазин - Сонково - Санкт Петербург.

Историја[уреди | уреди извор]

Местото за првпат се споменува во пишани извори околу 1500 година под името Орудово (веројатно од името на реката што тече таму), а познато е дека до 1764 година постоел како монашки имот на блискиот Краснохолмски Николаевски.

Првите детални мапи на населбата се направени во 1745 година и 1792 година. Во 1775 година населбата, заедно со соседните населби, е приклучена на Весјегонската парохија. На почетокот на 19 век, во 32 домаќинства живееле 225 луѓе во населбата.

Во втората половина на 19 век, во населбата е отворено првото училиште, кое работело при локалната црква, додека во 1889 година е отворена првата амбуланта.

Сандовскиот округ е формиран во мај 1924 година, а по 1929 година откако е основан е Сандовскиот реон неговиот административен центар станало тогашно село Орудово, кое го сменило името во Сандово. Реонот првично бил дел од Безецкиот округ во Московската област, а бил во границите на Тверската област од 1935 година.

Сегашниот административен статус на гратчето Сандово постои од 1967 година.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот во 2010 година во гратчето живееле 3.507 жители, додека според проценките за 2014 година живееле 3.797 жители.

Движење на бројот на жителите
1897 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2014 година
--- 1.895 2.875 3.807 4.605 3.933 3.507 3.797

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]