Прејди на содржината

Ролс-Ројс Фантом I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ролс-Ројс Фантом I
Британски Фантом I (1928)
ПроизводителРолс-Ројс
Период19251931
3512
ПретходникРолс-Ројс Сребрено Сениште
НаследникРолс-Ројс Фантом II
Мотор7668 КС I6
Пренос3-брзински мануелен
4-брзински мануелен
Меѓуос. раст.3644.9 мм
3721.1 мм
3822.7 мм

Фантом (Phantom) (подоцна Фантом I) е автомобил од марката Ролс-Ројс, замена за оригиналниот модел Сребрено Сениште. Како и прочуеното Сениште, Фантом се произведувал во Обединетото Кралство и САД.

Големо подобрување во однос на Сеништето бил новиот со линеарен шестцилиндричен мотор со горно поставени клипови. Овој автомобил бил последен збор на технологијата во своето време, со групи од по три цилиндри со глави кои се раздвојувале, чиј мотор вадел одлична сила за влеча на овој голем и тежок автомобил. Моторот користел цилиндри со пречник од 4107.9 мм и должина од 139.7 мм со вкупна зафатнина од 7.7 Л (7668 см³). Во 1928 леаното железо на цилиндрите било заменето со алуминиум.

Напред автомобилот имал полуелиптична, додека назад имал кантилеверска амортизација. Кочниците биле серво на сите 4 тркала, иако некои првобитни американски модели немале предни кочници.

Разликите помеѓу американските и британските модели се оскините растојанија — двете со иста должина на каросерија од 3644.9 мм, но британскиот модел со долго оскино растојание бил за 3822.7 мм подолг од американскиот модел со 3721.1 мм. Моделите се разликувале и по преносот, со тоа што британскиот имал 4, додека американскиот имал 3 брзини.

Британските модели се произведувале во фабриката во Дерби, додека американските во Спрингфилд, Масачусетс.

Производство

[уреди | уреди извор]
  • Фантом I (ОК): 2269
  • Фантом I (САД): 1243