Rolls-Royce Wraith

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ролс-Ројс Wraith
Rolls-Royce Wraith
Wraith лимузина од 1939
Производител Ролс-Ројс
Период 1938-1939
произведени 492[1]
Претходник 25/30
Наследник Silver Wraith
Мотор 4257 cm³, праволински 6-цилиндричен
Пренос 4-брзински мануелен
Меѓуос. раст. 3.45 m
Должина 5.15 m[1]
Ширина 1.87 m[1]
Тежина 1.9 тони (приближно)

Ролс-Ројс Wraith (англ. Rolls-Royce Wraith) бил автомобил на Ролс-Ројс, прозиведуван во фабриката во Дерби од 1938 до 1939 и од посебни каросеристи врз база на нивната шасија.

Моторот бил честцилиндричен праволиниски со работна зафатнина од 4257 cm³, базиран на моторо на 25/30 но имал поинаква цилиндрова глава. Четирибрзинскиот менувач бил синхронизиран на втора, трета и четврта брзина и сѐ уште бил од традиционалната десна страна.[1]

Wraith имал независна амортизација на спирални пружини напред, базирана на Пакард 120, додека назад сѐ уште користел полуелиптични лиснати пружини. Хидрауличните придушувачи напред биле регулирани од водилка и така степенот на пригушување варирал со брзината на автомобилот. Со тоа Wraith бил подобар од својот претходник 25/30 H.P. и на исто рамниште со Фантом III. Автомобилот сѐ уште се изработувал на засебна шасија, но сега таа се заварувала, наместо да се прицврстува со навртки како порано. Барабанските кочници биле со механичко серво, со погон патентиран од Хиспано-Суиза и изработуван од Ролс-Ројс под лиценца. Тркалата биле жичени со дијаметар од 43 cm, со тоа што жиците обично биле покриени со отстранливи дискови. Автомобилот имал вграден хидрауличен систем управуван од рачка под седиштата.

Автомобилот достигнувал брзина од 137 км/ч, но ова во голема мера зависело од тежината на автомобилот и стилот на каросерија. Според тест на списанието „The Motor“ во октомври 1938, автомобилот развивал 0-50 ми/ч (80 км/ч) за 16.4 секунди.

Во 1938 шасијата чинела £1100, а типичниот целосен автомобил чинел £1700 (околу £77,800[2] или €101,800 во 2007). Биле произведени 492 шасии.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 The Rolls-Royce Motor Car. Anthony Bird and Ian Hallows. Batsford Books. 2002 ISBN 07134 8749 6
  2. Денешна вредност на фунтата од 1938 (англиски)

Видете исто така[уреди]