Ролс-Ројс Фантом IV
Изглед
(Пренасочено од Rolls-Royce Phantom IV)
Производител | Ролс-Ројс |
---|---|
Период | 1950–1956 произведени 18 |
Наследник | Ролс-Ројс Фантом V |
Мотор | 5.7 Л I8 |
Меѓуос. раст. | 3.683 m |
Должина | 5,77 м |
Ширина | 1,95 м |
Ролс-Ројс Фантом IV (Phantom IV) е најексклузивниот модел на Ролс-Ројс во историјата. Биле направени само 18 вакви автомобили, во периодот помеѓу 1949 и 1956 г, специјално само за кралски семејства и шефови на држави. Ова е и единствениот Ролс-Ројс со 8-цилиндричен построен мотор.
Првиот Фантом IV го поседувала принцезата Елизабета, подоцна кралица Елизабета II на Обединетото Кралство. Нарачката била отстапување од традицијата на набавка на Дајмлерови автомобили, која продолжила сè до набавката на т.н. Bentley State Limousine во 2002 г.
Првиот автомобил, кој станал државен автомобил со нејзиното доаѓање на престолот во 1952 и денес стои во Кралските Коњушници, а подоцна бил додаден и сличен модел со ландаулет каросерија.
Сопственици
[уреди | уреди извор]- кралицата Елизабета II, Велика Британија
- Принцезата Маргарет, Велика Британија
- диктаторот Франциско Франко (сега во служба на крал Хуан Карлос I), Шпанија
- шахот Мухамед Реза Пахлеви, Иран
- принцот Талал бин Абдул Азиз, Саудиска Арабија
Хронологија на автомобилите на Ролс-Ројс
| ||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1900ти | 1910ти | 1920ти | 1930ти | 1940ти | 1950ти | 1960ти | 1970ти | 1980ти | 1990ти | 2000ти | ||||||||||||||||
Независност | Vickers | Volkswagen | BMW | |||||||||||||||||||||||
Стандардни | 10 hp 15 hp |
V-8 20 hp |
Twenty | 20/25 | 25/30 Wraith |
II С в. в о ј н а |
Silver Dawn | Silver Cloud | Silver Shadow/Silver Wraith II | Silver Spirit/Spur/Dawn | Ghost | |||||||||||||||
Врвни | 30 hp | 40/50 hp (Silver Ghost) | Phantom I/II/III | Silver Wraith | Camargue | Silver Seraph | Phantom | |||||||||||||||||||
Phantom IV/V/VI | ||||||||||||||||||||||||||
Кабриолети | Corniche/II/III/IV | Corniche V | Phantom Drophead | |||||||||||||||||||||||
Купе | Phantom Coupé |