Rolls-Royce 10 hp

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Rolls-Royce 10 H.P.
Rollsroyce1905.jpg
Производител Ролс-Ројс
Период 1904 - 1906
16 произведени
Наследник Ролс-Ројс 20
Мотор 1.995 см³
Меѓуос. раст. 1.905 мм
Должина 3.175 мм
Ширина 1.400 мм
Дизајнер Сер Хенри Ројс

Rolls-Royce 10 H.P. — првиот автомобил на Ролс-Ројс кој излегол во 1904 при основањето на претпријатието. Бил изложен на парискиот мотор-салон истата година заедно со моделите со 15, 20 и 30 кс. Моделот 10hp бил сличен на првиот автомобил изработен од Сер Хенри Ројс кој се продавал под името „Ројс“ (Royce) во 1903. За разлика од тој автомобил, кој имал зарамнет ладилник, Ролс-Ројс-от имал ладилник со триаголен горен дел, кој потоа се јавува на сите останати модели.

Моторот бил со водено ладење, два цилиндра со 1995 cm³ со вентили со горен отвор и страничен издув кој се засновал на моторот на првичниот Ројс, но со подобрено коленесто вратило. Моторот давал сила од 12 кс (9 kW) при 1000 врт/мин. Автомобилот развивал максимална брзина од 63 км/ч. Бил мал автомобил со оскино растојание од 1219.2 mm обем на тркало од 1219.2 mm.

Биле предвидени 20 автомобили, но биле направени само 16 бидејќи се сметало дека двоцилиндричниот мотор не е соодветен за марката. Последниот 10hp бил произведен во 1906.

Ролс-Ројс не бил произведувач на каросеријата. Наместо тоа, автомобилите се продавале во шасии, па купувачот посебно нарачувал каросерија од каросерист, каде Баркер бил препорачан.

Денес зачувани се два примерока: еден со регистрација AX 148, кој е првиот произведен, во Манчестерскиот музеј на наука и индустрија, а другиот, SU 13 е во сопственост на Бентли Моторс.

Наводи[уреди]