Рзав (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рзав
Le Rzav près du village de Vardiste.jpg
Рзав во близина на селото Вардиште
ЗемјаSerbia, Bosnia and Herzegovina
Слив
Главен изворпланината Чигота, западна Србија (Република Српска, Босна и Херцеговина)
Устиереката Дрина, кај Вишеград, Босна и Херцеговина
Сливна повр.605 km²
Физички особености
Должина72 km

Рзав е река во Република Српска (Босна и Херцеговина).

Настанува кај селото Вардиште (БиХ), на подрачјето на националниот парк Тара, на границата помеѓу Босна и Херцеговина и Србија, со спојување на реките Бел Рзав и Црн Рзав, по кое кратко тече низ Босна и Херцеговина, каде што потоа во Вишеград се влева во реката Дрина.

Река Рзав тече и покрај Добрун, стар средновековен утврден град, кој бил доста значаен трговски центар на овој најзначаен каравански пат од Медитеранот па се до централен Балкан. Во втората половина на 14 век бил изграден и манастирот Добрун кој и денес постои. Специфичен е по фреските од 14 век на кои се прикажани српски владари и членови на ктиторското семејство, а исто така и по значително вредната збирка на икони и црковен мобилијар од кои некои примероци датираат уште од 13 век.

Видете уште[уреди | уреди извор]