Прејди на содржината

Ретезат (национален парк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Ретезат
Parcul Național Retezat
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Планина Ретезат, близу Букура
Местоположба на Национален парк Ретезат
Местоположба на Национален парк Ретезат
Местоположба во Романија
Место Романија
Округ Хунедоара
Најблизок градЛупени
Површина38.047 ha
Воспоставен(а)2000[1]
Мрежна страницаretezat.ro

Национален парк Ретезат (романски: Parcul Național Retezat национален парк во Романија, поточно во Јужните Карпати. Претставува еден од најголемите планински масиви во Романија. Највисок врв е Пелеага чија надморска висина изнесува 2509 метри. Ретезат на романски значи „отсечен“. Фондацијата 7 светски чуда го предложила Ретезат за ново светско чудо. Оваа планина ја нарекуваат и „земја со сини очи“.

Географија

[уреди | уреди извор]

Планината Ретезат позната е како „Трансилваниски Алпи“ и е прва планина која е прогласена за национален парк во Романија. Покрива скоро 500 квадратни километри. Четвртина од планината е повисока од 1800 метри надморска висина. Областа на оваа планина е главно од гранит и ледник. Националниот парк е богат со езера и водопади. Има преку 80 езера од кои најголемо е Букура[3]. Езерата[4] на овој масив чинат скоро половина од сите леднички езера во Романија.

Езеро Длабочина на езерото (м) Надморска висина (м)
Букура 15,7 2041
Ана 11 1990
Лија 4,3 1910
Заноага 29 1997
Негру 24,8 2036
Геменеле 5,3 1920
Заноага Мика 12,4 1900
Пелеага 4,2 2122
Таул Кустура Маре 9 2226
Езерото Букура
Езерото Заноага

На Ретезат постојат повеќе од 55 врвови кои се повисоки од 2000 метри надморска висина. Заради ерозијата на мразот, високите подрачја на планината се многу нестабилни.

Врв Надморска висина (м) Фотографија
Пелеага 2509
Пелеага
Папуса 2508
Папуса
Ретезат 2482
Ретезат
Маре 2463
Маре
Кустура 2457
Кустура
Букура 2433
Букура

Националниот парк Ретезат обилува и со прекрасни водопади од кои најубави се Станисоара[5] и Лолаија[6].

Растителен свет

[уреди | уреди извор]

Растителниот свет е многу богат и сите видови на растенија се заштитени со закон на УНЕСКО. Една третина од вкупната флора на Романија е на оваа планина. Околу стотина видови се ендемски. На Рентезат најмногу има гентијана, жолта гентијана, глуварче, лилјан, вклучувајќи уште околу 1000 вида растенија[7]. Што се однесува до шумските предели на оваа планина, најспецифични се планински бор, швајцарски бор како и џуџест бор кој се наоѓа на покаменитите подрачја.

Животински свет

[уреди | уреди извор]

На Ретезат живеат околу 185 вида птици од кои некои се ендемски. Од нив 122 вида редовно се гнездат во овој предел и затоа истиот е значајно птичјо подрачје. Некои од тие видови се црн штрк, златен орел, сив сокол, тетреб, орел-змијар, дрозд. Цицачите чиј дом е Ретезат се во помал број во однос на птиците. Има околу 55 вида цицачи. Тука спаѓаат сив волк, кафеава мечка, алпски мрмот, дивокоза, рис. Чести безрбетници кои се наоѓаат тука се жаба, дождовник, пролетници и неколку ендемски видови пеперуги.

Најбрзо до планината се стигнува од градовите Лупени, Урикани, Хацег, Петрошани ако се доаѓа од источната или северната страна.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]