Планински бор
| Бор кривул | |
|---|---|
| Бор кривул на Јакупица (Pinus mugo Turra) | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Четинари |
| Класа: | Четинари |
| Ред: | Боровидни |
| Семејство: | Борови |
| Род: | Бор |
Карта на распространетост:
| |
Планински бор (науч. Pinus mugo - познат и како кривуљ) — зимзелено растение, вид на бор. Тоа е високопланински бор со испрекинат ареал во планините на централна и јужна Европа.[1] Во Македонија е застапен на Шар Планина и Јакупица или Мокра, а се посочува дека е виден на Ниџе.[1][2] Според изгледот овој бор е полегната грмушка или мало дрво со повеќе стебла од коренот.[1] Поради нискиот раст, познат е и под името џуџест бор. Има по две куси и крути иглички на конусорастот.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Грмушест, повиен, полегнат бор, висок до 3,5 метри. Младите гранчиња се голи и зелени, подоцна стануваат кафеави. Пупките се смолести, јајцевидно цилиндрични, широки до 2 мм. Шишарките се по една или две, долги 2-5 см, а широки 1,5-2,5 см, со симетрична форма, и со тап врв.
Семенките се ситни, темнокафеави, со крило 4-5 пати поголемо од нив.[3]
На падините под врвот Солунска Глава го има овој бор.[4] Оваа вегетација во вид на шикара е раширена на поголеми површини, најголеми во однос на другите во Македонија, при што зазема широк дијапазон помеѓу 1.700 до 2.400 метри надморска височина, без оглед на геолошката подлога поради што се сретнуваат две варијанти од овој тип на вегетација - едната на силикатни и другата на карбонатни терени.[4] Планинскиот бор ја сочинува горната граница[4] на шумите на овој и другите планински масиви.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Шума од борови на Бегово Поле и Солунска Глава
- Шума од борови на врвот Солунска Глава
- Шума од борови на врвот Солунска Глава
- Осамени единки на бор на самиот врв Солунска Глава
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Андоноски, Александар (2009). „Бор“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. стр. 192.CS1-одржување: користи параметар editors (link)
- ↑ Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 80, МАНУ, Скопје, 1985
- ↑ Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 80, МАНУ, Скопје, 1985
- 1 2 3 Дренковски, Раде (1999). Растителниот свет и шумите на планинскиот масив Јакупица - вредности и значење. Планинскиот масив Јакупица - истражување и вреднување на природното богатство. Скопје: НИП „Студентски збор“. стр. 125.
| ||||||