Рајна Алексова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рајна Алексова
Родена 25 декември 1882
Битола, Битолски Вилает, Османлиско Царство
Починала 23 јануари 1959(1959-01-23) (возр. 76)
Битола, НР Македонија, ФНРЈ
Занимање фармацевт

Рајна Алексова (Битола, 25 декември 1882 Битола, 23 јануари 1959) ― македонски фармацевт. Дипломирала на Фармацевскиот факулет во Лозана, Швајцарија на 17 јули 1906 и со тоа таа е прва жена фармацевт во Македонија. Работела во семејната аптека сместена на „Широк Сокак“ во Битола сè до пензионирањето во 1944 година[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Алексова е родена на 25 декември 1883 година во Битола. По завршувањето на француската гимназија во Солун, таа со својот постар брат Ристо Алексов, кој бил трговец и воедно ја имал првата аптека во Битола, заминала со воз за Швајцарија каде во 1902 година се запишала на Фармацевскиот факултет во Лозана. Четири години потоа, дипломирала на 17 јули 1906 година, и станала првата Македонка дипломирана фармацевтка, воедно и прва жена фармацевтка на Балканот.

Таа со гордост се претставувала дека е Македонка. Во нејзината диплома издадена во 1906 година од швајцарските универзитетски власти на француски јазик стои запишано дека Рајна Алексова по националност е Македонка. (Тоа може да се види од копијата на дипломата која е верна на оргиналот со датум од 01.11.2018 гидина, а која ја имаат добиено наследниците по нивно барање, додека оригиналната диплома се наоѓа во Софискиот музеј во Бугарија.)[2]

Веднаш по дипломирањето требало да отвори сопствена аптека, со што се судрила со турските закони кои не дозволувале „жените да обавуваат аптекарска професија“. Додека чекала одобрение од турските власти, таа се вработила како милосрдна сестра во државната болница во Ќустендил, Бугарија. Во јуни 1907 таа била преместена во бугарската болница „Евл. Георгиев“ во Цариград, каде работела до февруари 1908 година. Потоа ја напуштила болницата и работела како учителка во женската гимназија во Едрене. Алексова сепак добила дозвола за работа како аптекарка. Така, во 1909 година веќе работела во Битола, во аптеката на својот брат Ристо Алексов, трговец. Алексова подоцна ја откупила аптеката од својот брат и работела во неа до нејзиното пензионирање во 1944 година. Во нејзината аптека ординирале и препишувале лекови познатите лекари Александар Дума, Илија Аждари и Анастас Христиди, и тоа било најдобрата реклама за аптеката. Рајна Алексова починала од насилна смрт во 1959 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. П. Бојаџиевски, Здравството во Битола низ вековите, Битола, 1992
  2. „Рајна Алексова“. Македонска нација. 21 август 2019. Посетено на 1 јули 2021.