Раскази од другиот џеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Раскази од другиот џеб (чешки: Povídky z druhé kapsy) е збирка раскази од чешкиот писател Карел Чапек, оригинално објавена во 1929 година, додека македонското издание е објавено на 2012 година од издавачката куќа “Темплум”. Преводот од чешки јазик го направил Диме Митревски.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Збирката е издадена како 102 книга во рамките на библиотеката “Магма”, со финансиска поддршка од Програмата за култура (2007-2013) на Европската Унија. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски - Скопје и ја носи ознаката 821.162.3-32. Книгата има 194 страници, на предната корица е ставена слика на Пет Пери, додека на задната корица е даден кус опис на делото и куса биографија на авторот.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 24 раскази на Чапек, а на крајот од книгата е дадена хронологија на животот на Чапек, попис на неговите изданија, како и осврт врз неговото творештво. Во збирката се поместени следниве раскази:[2]

За збирката[уреди | уреди извор]

За збирката “Раскази од другиот џеб”, самиот Чапек изјавил: “Овие раскази се стимулирани од литературен мотив, од проблемот на колоквијалниот јазик, разговорниот јазик во сите негови нијанси”. Во оваа збирка, Чапек ја достигнал кулминацијата на раскажувачката техника. Од разговорниот јазик ги презел елементите на авантуристичкиот роман и детективските приказни и во таа форма ги вметнал моќните психолошки истражувања на судбините на обичните луѓе. Во расказите, тој ги истражува поимите на злосторството и правдата, па дури и самата вистина.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
  2. Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
  3. ”Поговор”, во: Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012, стр. 187-189.