Рабија ел-Адевија ал Кајсија (арапски: رابعة العدوية القيسية) (родена меѓу 714 и 718 - починала во 801 година) - муслиманска (суфиска) светица. Некаде е позната и како Хазрат Биби Рабија Басри или како Рабија Басри.
Рабија ел-Адевија е најпозната по тоа што аскетската традиција ја споила со посебен вид љубовен мистицизам. Притоа, нејзината љубов кон Бога била апсолутна и ексклузивна во однос на сè, не допуштајќи место за страв од пеколот, омраза кон ѓаволот или страст за рајот.[1]