Пучки Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пучки Залив
Zatoka Pucka
Плажа во Пуцк
Плажа во Пуцк
Карта на Пучкиот Залив
Карта на Пучкиот Залив

Пучки Залив (полски: Zatoka Pucka, германски: Putziger Wiek, кашупски: Pùckô Hôwinga) — плиток залив во Балтичкото Море, западен огранок на Гдањскиот Залив на брегот на Источното Поморје, северозападна Полска. Одделен е од морето со Хелскиот Провлак.[1]

Заливот има просечна длабочина од 2 до 6 м. Псредината на Хелскиот Провлак од Рева до Кужњица се протега песочен плитар. Пристап во заливот имаат само чамци и мали бротчиња, кои задолжително пловат по подлабоките делови. Под заливот има лежишта на поташа (калиумска сол).

Поважни пристанишни градови на Пучкиот Залив се Пуцк, Јастарња и Хел.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Pucka, Zatoka“. Internetowa Encyklopedia PWN. Wydawnictwo Naukowe PWN. Архивирано од изворникот на 2015-06-13. Посетено на 30 August 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 54°40′00″ N; 18°35′00″ E / 54.6667° СГШ; 18.5833° ИГД / 54.6667; 18.5833