Прекрасни коски (филм од 2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Прекрасни коски (англиски: The Lovely Bones) е филм од 2009 година, во режија на Питер Џексон. Главните улоги ги толкуваат: Рејчел Вајз, Стенли Тучи, Марк Валберг, Сузан Сарандон, Мајкл Империоли и Сирша Ронан. Филмот е снимен според истоимениот роман на Алис Себолд.[1] За својата улога, Стенли Тучи бил номиниран за наградите „Златен глобус“ и „Оскар“.[2] [3]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се раскажува за необичната судбина на Сузи Салмон, девојка на возраст од 14 години, која во декември 1973 година била убиена од серискиот убиец Џорџ Харви (го игра Тучи), на патот од училиштето до дома. Но, по смртта, таа продолжува да го гледа своето семејство на земјата, додека нејзиниот убиец е на слобода. Заробена во прекрасниот, но необичен свет, Сузи открива дека мора да избере меѓу својата желба за одмазда и желбата да види како нејзините најблиски закрепнуваат од трагедијата и продолжуваат со животот.[4] [5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tartaglione, Nancy; Deadline (2019-06-03). „Memoir from 'Lovely Bones' author Alice Sebold to be adapted for film“. Page Six (англиски). Посетено на 2022-01-29.
  2. „Потресна семејна приказна со необична перспектива“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 3.
  3. IMBd, The Lovely Bones (2009) (пристапено на 10.10.2015)
  4. „Потресна семејна приказна со необична перспектива“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 3.
  5. IMBd, The Lovely Bones (2009) (пристапено на 10.10.2015)