Портал:Уметност/Одбрана статија/ноември, 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија

Питер Бројгел Постариот (околу 15259 септември 1569) е холандски ренесансен сликар и печатар познат по своите предели и слики со селани. Неговиот прекар е 'Селанецот Бројгел' со цел истиот да се разликува од останатите членови на династијата Бројгел, но неговата големина најчесто дозволува негово повикување само при спомнувањето на името Бројгел (без притоа да се прецизира на кој Бројгел се мисли). Во 1559 година самоволно, Бројгел го отфрла h-то од неговото латинско име - Brueghel и своите слики почнува да ги потпишува со називот Bruegel.

Постојат информации дека Бројгел е роден во Бреда, но не е сосема сигурно дали се мисли на истоимениот холандски град, или пак на белгискиот град Бри, кој на латински се пишува сосема исто како неговиот холандски пандан. Дел од својот живот го поминува во Франција и Италија, по што заминува во Антверпен, каде во 1551 година, прогласен е за мајстор на сликарскиот занает во рамките на сликарскиот цех. Наскоро повторно заминува за Италија и на малку наминува во Антверпен, пред да се насели во Брисел каде останува десетина години. Таму и умира на 9 септември 1569 година. Во некои записи, 1590 е годината во која е обележана смртта на Бројгел.

Питер Бројгел Постариот е татко на Питер Бројгел Помладиот, како и на Јан Бројгел Постариот. Двајцата негови синови стануваат подоцна сликари, но со оглед на фактот што и двајцата биле млади кога нивниот татко умрел, ниту еден од нив не прима соодветен тренинг од големиот мајстор. Според истражувачот на животот на Бројгел династијата, Карел фан Мандер, најверојатно и двајцата биле поддучувани од нивната баба.

Прочитајте повеќе...