Портал:Светци
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
СВЕТЦИ
Светец е збор со кој христијанската религија опишува човек, кого смета за пример за исклучителна светост. Постои разлика во употребата во зависност од различните христијански деноминации. Зборот потекнува од грчкиот збор "άγιος" (Агиос) што значи "свети" или "светец" во Новиот завет, каде е користен за да се опишат следбениците на Исус од Назарет.
Со развојот на христијанството значењето на зборот се променило и често се користи за ознака на одредени личности кои претставуваат пример за следење во верата, кои се почитуваат како инспирација за другите христијани. Прочитајте повеќе
Избрана статија
Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарс е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанството. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовите од Новиот завет.
Христијанските текстови оделуваат големо значење во преминувањето на Апостол Павле во христијанската вера. Во Библијата се раскажува дека на пат кон Дамаск тој видол необична светлина од која тој ослепил и го слушнал гласот на Господ од небото, кој му рекол: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Јас сум Исус, којшто ти го прогонуваш“. Тој настан бил преврт во неговиот живот, прекрстувајќи се во Дамаск и станувајќи еден од најголемите проповедници на христијанството.
Дали сте знаеле...
- ... дека Свети Иполит Римски е последен римски отец кој зборувал грчки?
- ... дека Климент Александриски е основач на познатата богословска школа во Александрија?
- ... дека дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица.
Субпортали
Избрана слика