Прејди на содржината

Портал:Македонија/Самоилово царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Самоиловото Царство, 996 год.

Самоиловото Царство е средновековна држава која се протегала на територијата на денешна Република Македонија, северниот дел на Република Бугарија, романска Добруџа, Србија (без Банат и Бачка), Црна Гора (без приморјето), Албанија и северна Грција, која под водство на цар Самуил постоела од 976 до 1018 година. За престолнина на царството се смета градот Охрид, иако царскиот двор своевремено бил сместен и во други градови.

По битката кај Беласица во 1014 со византиската војска предводена од царот Василиј II, војската на цар Самоил била поразена при што 14.000 војници биле заробени и ослепени. Самоиловото Царство и после оваа битка останало независно сè до 1018 кога повторно потпаѓа под византиска власт.