Подхалски говор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Подхалски говор - еден од говорите на малополскиот дијалект, кој се појавува на територијата на Подхале. До денес останува најпознатиот и најдобро зачуваниот говор од сите кои го сочинуваат малополскиот дијалект. Содржи многу слични обележја со други говори на јужна Малополска, како на пример со живјецкиот и сондецкиот. Најблиски говори се соседните, односно спискиот и оравскиот. Овој говор е популаризиран од страна на Кажимјеж Пшерва - Тетмаер на преминот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век, кој издал циклус на приказни под наслов „На карпестото Подхале“.

Лексика[уреди | уреди извор]

  • Домашна лексика: Карактеристично обележје на подхалскиот говор е присуството на локални зборови, односно типично подхалски зборови. Помеѓу другите тоа се следниве зборови: ciupaga, wyzdajać (wymyślić, ułożyć, przygotować), złóbcoki (инструмент сличен на виолината), nomowiać (да советуваш некого да направи свадба), kumôterki (украсни санки), pytac (постар човек кој ја исполнува функцијата на оној кој ги кани гостите на свадба) и многу други. Има и значително повеќе изрази кои потекнуваат од закопанскиот говор - како локални, така и од странско потекло. Во јазикот на планинците (Гуралите) се наоѓаат многу зборови за одредени работи кои освен во нивната околина, не постојат на друго место: pyrć (планинска патека), siklawa (планински водопад), а исто така и зборови поврзани со сточарството и животот на самите луѓе: bacówka (пастирска колиба), bryndza (овчо сирење), kôliba/kôlyba (колиба), watra (пастирско огниште), zawaterniok (труп, односно дрво за потпалување на оган), dutki (пари), dziedzina (село), môskol (колач од варени компири и брашно), serdok (волнен елек без ракави) и многу други изрази.
  • Се среќаваат изрази кои звучат слично или исто, но имаат различно значење од тие во општиот полски јазик, на пример ôbôra - podwórko, pytać - prosić, siwy - niebieski.
  • Во некои случаи поврзани со селскиот живот, подхалската лексика е доста побогата (попрецизна) од општиот полски јазик. Примери: sianô (сено од првата жетва) наспроти pôtrow (сено од втората жетва); watra (пастирско огниште) наспроти ôgiyń (огниште во поле); honielnik/pôwara, juhas, baca (по редослед: млад помошник на пастирот, пастир, раководител на повеќе пастири).
  • Во други случаи подхалската лексика е посиромашна (помалку прецизна) од општиот полски јазик, односно одредени изрази може да имаат повеќе значења, како на пример изразот zając означува и зајак (полски: zając) и див зајак (полски: królik), изразот wôda означува вода (општо), поток, а денес исто така и било каков флаширан напиток (kup jakomsi wôde - купи нешто за пиење).
  • Се среќаат и голем број заемки од други јазици: од германскиот: hamry, од унгарскиот: baca, juhas, од словачкиот: frajér, hore, héboj, pôściyl. Посебна група на заемки е лексиката која потекнува од романскиот јазик, пренесени преку Татрите од страна на влашките пастири во 15-тиот и 16-тиот век (како на пример веќе споменатите watra, bryndza).

Граматика и зборообразување[уреди | уреди извор]

  • Наставките -ek и -ak во формите за прво лице еднина во минато време (веројатно остатоци од првиот сигматички аорист, т.е. едно од минатите времиња во прасловенскиот јазик), на пример: miołek (= miałem).
  • Почесно обраќање со користење на множина (pluralis maiestaticus): наместо изразите Pan/Pani, особено при обраќање кон постари лица: Dziadku, kaścié byli/był? , Babkô, côścié rôbiyli/rôbiyła? (повеќе информации во делот „Јазични навики“).
  • Наставката -me во прво лице множина: rôbime.
  • Различни специфични граматички форми и конструкции, често архаични или некогаш со потекло од словачкиот јазик, на пример: nie wiém ci pedzieć (nie potrafię ci powiedzieć), stôi przý Staskôwi (= stoi przy Staszku), siadojze ku niemu (=siadaj przy nim), idém ku Hance (= idę do Hanki), jo tegô nie naucony (= nie jestem do tego przyzwyczajony), pôdoł sié na Jyndrzka (=jest podobny do Jędrka tj. Andrzeja /o dziecku/), ô dwa tyźnia/tyźnié (= za dwa tygodnie), co tam u Helé, Bronié (=co tam u Heli, Broni); wróciył sié (z)zo granice (=wrócił z zagranicy) или веќе ретката конструкција byłek Frankôwi na weselu.
  • Разлики во промената на глаголите, односно повратна форма на местото на неповратната форма во општиот полски јазик, на пример: miyrzać, miyrzali (= mierzyć, mierzyli, (словачки: merať); wrócić sié (= wrócić).
  • Наставката -ôwać/-ować на местото на -ywać во општиот полски јазик, порано карактеристична за сите дијалекти во јужна Полска: pôdskakôwać, grować, ôbiycôwać (= podskakiwać, grywać, obiecywać), некогаш во изговорот склона кон -ówać, а дури и -uwać (Спиш, Орава).
  • Некогаш доаѓа до издолжување на формите на глаголите, на пример: ôdkurzôwać, uwazôwać (прво лице еднина: ôdkurzujém, uwazujém) (полски: odkurzać, uważać), наставката -ować се користи и за создавање на повеќекратни форми на глаголи (т.н. итеративни глаголи), на пример: chôdzowoł (=chadzał, zwykł chodzić, często chodził), śpiywowoł (=ciągle śpiewał, англиски: used to sing).
  • Резидуална појава на глаголот być во сегашно време. Овој глагол обично се испушта, односно се заменува со повратната заменка se: Teroz jo juz w doma (= Jestem już w domu), Dyć jo nie taki głupi (= nie jestem taki głupi), Ón starsý (= on jest starszy), jo se chłopiyc młody (= jestem młodym chłopcem), jo chudôbno (= jestem biedna), my se starościny (= jesteśmy starościnami). Интересно е тоа што слична ситуација се појавува и кај источнословенските јазици. Ако глаголот być мора да биде искористен, ја добива формата je или почесто jest во еднина и som во множина, на пример: jo jest młody = (jestem młody), my som na dôlé (= jesteśmy na dole). Во минато и идно време, глаголот być се користи правилно, на пример: jo był (dawniej béł)/byłek w Mieściē na jarmaku (= byłem w Nowym Targu na jarmarku/targu), bedziyme robić kie sié cas zwyrtnié/ôdmiyni (= będziemy pracować, kiedy poprawi się pogoda).
  • Се среќава формата jest, но со значење istnieje, istnieją (македонски: постои, постојат), слично како во рускиот јазик, на пример: Jest (jé) hań kôlibecka wyrombano w skalé; (Jest) Som ta jakie grzýby w lesié? - Jest. (тука изразот jest назначува ).
  • Некогаш формата jest се користела за истакнување на ретко користениот глагол być, на пример: Stasek jest jé mondry chłop (= Staszek naprawdę jest mądrym człowiekiem), Som jest skarby sowane w holak (= Są skarby schowane w górach).
  • Заменката ty ја зема генетивната и акузативната форма Tôbié, на пример: jo tôbié nie widzém (= ja ciebie nie widzę).
  • Формите со префиксот choć- (изговорено како chôć или упростено како chôj) ги заменуваат тие со префиксот -kolwiek во општиот полски јазик: chôćkié (= kiedykolwiek), chôjcô (choć-co = cokolwiek), chôjto, chôćftô (choć-kto = ktokolwiek), chôćka, chôćkany (= gdziekolwiek).
  • Честичката nie во контакт со глаголите móc и mieć станува ni, на пример: ni môgém, ni mom, ni miołek („nie miałem”). Ова се однесува само на изразот ni ma со значење „нема нешто, недостасува нешто”, на пример: béła wôjna, ale juz jéj ni ma. Изразот ni ma со ова значење се разликува од формата ni mo со значење „тој нема”, на пример: Jasiék ni mo casu.

Фонетика[уреди | уреди извор]

  • Мазурење, т.е. изговор на согласките „sz“ како „s“, „cz” како „c” и „ż” како „z”.
  • Озвучување, т.е. изговор како nieg idzié, ź nie wiedzioł? (= czyś nie wiedział?), nidz nie godoł (= nic nie mówił), во записот појавата се испушта (niek idzié, cýś nie wiedzioł).
  • Согласката rz си ја задржува звучноста или некогаш преминува во r, на пример: rucać (= rzucać), bier! (=bierz!), wiyrba (=wierzba). Порано била изговарана како т.н. фрикативно „rz” (со лесно „r” во позадината) слично како денес во чешкиот јазик (знакот ř) , на пример: za drżewsýk casów.
  • Изговор на вокалната согласка „ch“ како „k“.
  • Изговор на согласката „k“ пред преднојазичната забна согласка „t“ како „f“: ftôry (=który); во запис (зависно од авторот) се пишува ftôry, ftory, или пак wtory.

Јазични навики[уреди | уреди извор]

Во подхалскиот говор до неодамна функционирал традиционален систем на форми за изразување учтивост, произлезени од христијанските и старополските традииции:

  • Поздравување на лице кое доаѓа на гости: Niek bedzié pôkwolony (Jezus Krystus), на што се одговара со Na wieki wieków.
  • Лицето кое си оди се поздравува со зборовите Ôstońcié z Bôgiém, на што се одговара со Bôze prôwodź / Bôze Cié prôwodź / Bôze Wos prôwodź.
  • Лице кое работи нешто, особено на поле, треба да се поздрави со зборовите Scyńść Bôze, на што се одговара со Dej Bôze, Dej Panié Bôze.
  • Заблагодарување може да се изрази со зборовите Bóg Wom zapłoć, Bôze Ci zapłoć и сл.
  • За обраќање до постари лица се користи форма во второ лице множина, Kaz tô idziécié? (= gdzie pan/pani idzie?). Во минато време може да се каже: Cýścié słysoł?/Słysoł ześcié? или Cýścié słyseli?/Słyseli ześcié? (и двете форми значат дали лицето слушнало нешто, со тоа што втората форма може да означува и множина czy słyszeliście?). Оваа навика останала и до денес, иако некогаш во говорот се користи и формата Pon, Panié за нагласување дистанца и официјалност на ситуацијата, на пример во однос на посетителите или пак во некаква институција.
  • Исто така во множина (со формата wy) се обраќаат децата до роднини и постари лица. Оваа навика се задржала и денес, иако се повеќе деца ја користат формата ty.
  • Слично со користење на формата wy се обраќаат зетовите и снаите до свекорите и свекрвите; оваа форма не била заменета со општополската навика на користење на изразите mamo и tato.
  • Во разговор не се користат презимиња, туку имиња во соодветната форма (деминутивна или целосна) која одговара на статусот, на пример: Słuchojze Józuś, односно Słuchojciéz Józefié/Józku. Последниов израз е полуофицијален, со цел јасно нагласување на почитта кон постарите лица, во изразите воопшто не се користат имиња, на пример: Wiycié co, przýsełek sié Wos côsi spytać. Се среќаваат (иако се поретко) и изразите krzesnyôjce / krzesnomatko / ujku / ciotko / swoku (многу стар израз), кои се користат со значење на изразите proszę Pana / proszę Pani.
  • Во разговор со соседи или познаници исто така не се користат презимиња, но кога говорителот се присетува на одредена особа, кажува Józek od Bani/Banié наместо Józef Bania, Franek Józków - Франек, син на Јузеф.
  • Понекогаш се користат изразите Dôbre ranô, Dôbre pôłednié, Dôbry dziyń. Тука може да се видат форми слични на формите во словачкиот јазик: dobré ráno, dobrý deň.

Злоупотреба и грешки[уреди | уреди извор]

Со оглед на големата популарност на подхалскиот говор, често се појавува во уметноста, особено во филмови, во кабаре и во песни, а во последно време и во реклами. Сепак, често јазикот кој се користи не личи на говорот, а исто така се прават и голем број кардинални грешки. Најчесто среќавани се следниве:

  • Мазурење на rz, на пример: погрешното psysed наместо точните przýsed или przýseł.
  • Замена на o со етимолошки кратко a, на пример: śpiywoć наместо śpiywać.
  • Изговарање pikny, śnig, mliko наместо piykny, śniyg, mlykô.
  • Тенденција да се завршува секоја реченица со зборот hej. Во реалноста тој збор (во формата hej или ej) почесто се користи на почеток на фраза, особено во песните, на пример: ej, pôdźmez juz du dômu. Единствено во некои места, слично како во словачкиот јазик, се користи hej со значење на „tak” (македонски: да), на пример во реченицата Przýdziés jutro, hej? - Hej, przýdém.

Посебен проблем претставува и користењето на говорот од страна на самото население на територијата на Подхале. Во современата подхалска книжевност, во емисиите на радио, а исто така и во устниот јазик се среќава видлива заситеност на говорот со елементи од литературниот јазик:

  • Погрешно: pytome na posiady, ftôre ôdbedom sié we cwortek ô gôdzinié sesnostyj.
  • Поточно: pytome na pôsiady, co bedom we cwortek ô cwortyj pô pôłedniu.

Најверојатно во некогашниот говор никој не би кажал точен датум или час, па реченицата би звучела вака:

  • E dy przýdźciéz chôćkié ku nom na jakié pôsiady, coby my sié tyz krapke (kapke) uweselyli. (буквално: „Hej, przyjdźcie kiedyś do nas na jakieś posiady, żebyśmy się też troszkę rozweselili.”).