Малополски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Малополскиот дијалект на картата на полски дијалекти според Станислав Урбањчик

Малополскиот дијалект припаѓа на дијалектите на полскиот јазик кој го користат жителите на Малополска. Тој не е ист во целиот регион.

Во малополскиот дијалект се јавуваат според Пол - три „нијанси“: сандомјежиски, лублински, и црвено-руски (саноцки). Aвторот смета дека овој дијалект е разнобразен.

Особености[уреди | уреди извор]

Меѓу другото негови обележја се:

  • карактеристичен назален изговор на „ą" и „ę", изговор на наставката „-enka“, како во „ręka" (на пр. [paɲεŋka])
  • во дијалектите на Малополска, Вјелкополска и Шлеска покрај опструентите се озвучуваат исто така и сонорантите (како и самогласките ј, ł, l, r, m, n, ń), на пр. „sok malinowy“ во стандардниот (и мазовјецкиот дијалект) → „sokmalinowy“ во малополскиот дијалект (и не само) → „sogmalinowy“, „PSL“ → „peezel“ (секој назив на буква се смета како посебна морфема, па така доаѓа до озвучување кое го нема во зборот „pesel“). Почесто отколку во стандардниот доаѓа до озвучување не само на границата на изразите - „jeźli“, „-źmy“, итн., иако не е толку често. Во говорите на малополскиот дијалект озвучувањето се појавува дури и на граница на помалку забележливи морфеми – „jest-еm“ → „jezdem“, па дури и во необични контексти, на пр. „ślisko“ → „ślizgo“.
  • Почетен зборовен акцент, преместување на акцентот на последниот слог во вокатив
  • честа употреба на честичката „że“ во императив („weźże“, „idźże“, „zróbże“, „podajże“, cicho-że, cicho-żeż bądź)
  • типичен изговор во разговорниот јазик
  • слевање на групите „t-sz“ и „d-ż“ во африкати „cz“ и „dż“. Тука разликите се аналогични како во озвучувањето – во стандардниот полски јазик тоа се јавува само пред опструенти. На пр. „drzwi“ → „dżwi“ (во внимателениот, неприроден изговор на „dżżwi“, во точниот „d-żwi“), но во „trzmiel“ → „cz-szmjel“ и во „trzy“ → "cz-szy" (во внимателниот, неприроден изговор на „t-szmjel“, „t-szy“), додека пак во малополскиот дијалект исто така пред соноранти (заедно со самогласки) – „czmjel“ , „czy“.

Видови на малополски говори[уреди | уреди извор]

Освен дијалектот користен од интелегенцијата, помеѓу жителите на регионот, a особено неговиот јужен дел, се јавуваат бројни говори кои се разликуваат од стандардниот јазик не само со изговорот, туку и со лексиката. Најпознати говори на Малополска се:

Опсег на застапеност[уреди | уреди извор]

Малополскиот дијалект повлијаал врз источните (горношлески) промени на шлескиот дијалект (меѓу другото преку културните врски, особено по зајакнувањето на Долна Шлеска со одделувањето од Кралството, исто така припадноста на дел од Горна Шлеска до краковската дицезија, a не на вроцлавската) како и на јужнокресовиот дијалект (со оглед на населувањето), и како последица на новосоздадените говори на т.н. Повратени земји. Во средновековието и ренесансата малополскиот дијалект бил еден од главните (покрај вјелкополскиот) дијалекти кои го создале стандардниот литературен јазик. Потоа неговата улога се насочува кон мазовјецкиот дијалект. Врските на северните малополски говори од централниот дијалект започнале да се разликуваат особено во периодот на поделбите, со што говорите во овие делови на Малополска кои влегле во состав на кралството (лечицко-шераѕки, радомски, келцки и лублински говори), прифатиле многу обележја од мазовјецкиот дијалект.

Наводи[уреди | уреди извор]