Повратна заменка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Примери
  • Забележуваш дека се обвинуваш самиот себеси!
  • Себеси си купив една тетратка.

Повратна заменка е заменка која е претходена од, и се однесува на, именка, придавка, прилог или заменка во една дел-реченица. Според теоријата на генеративната граматика, повратната заменка е анафора која мора да биде врзана со нејзиниот претходник. Во некои јазици има разлика меѓу повратни и неповратни заменки, но точните услови за да се одреди дали нешто е врзано или не зависи од јазикот.

Во македонскиот јазик повратни заменки се: „себе[си]“ — „се“, „себе[си]“ — „си“.

Повратни заменки во јазиците[уреди]

Англиски[уреди]

Во англискиот јазик како повратни заменки се користат:

  • I (јас) - myself
  • you (ти) - yourself
  • he (тој) - himself
  • she (таа) - herself
  • it (тоа) - itself
  • we (ние) - ourselves
  • you (вие) - yourselves
  • they (тие) - themselves

Сите повратни заменки се преведуваат на македонски со „себе[си]“ — „се“, „себе[си]“ — „си“.

Бугарски[уреди]

повратни заменки
акузатив датив
целосно кратко целосно кратко
себе си се на себе си си
Присвојно-повратни
целосно кратко
м.р. ж.р. с.р. мн.
неоп. опр. неоп. опр. неоп. опр. неоп. опр.
свой своят/своя своя своята свое своето свои своите си

Латински[уреди]

За прво и второ лице латинскиот ги користи обичните форми на заменките. Повратните заменки се деклинираат по падежи, освен за номинатив и вокатив.

еднина или множина
м.р. ж.р. с.р.
номинатив
вокатив
акузатив , sēsē
генитив suī
датив sibi
аблатив , sēsē
локатив , sēsē

Македонски[уреди]

акузатив датив
целосна кратка целосна кратка
себе се себе си

Во македонскиот постои и алтернативна целосна форма „себеси“, која се користи за нагласување. Покрај наведените повратни заменки, во македонскиот може да се искористат и присвојните заменки, како во примерите:

  • Ана ѝ ја даде нејзината книга на Марија.
  • Ана ѝ ја даде својата книга на Марија.

Словенечки[уреди]

  • Ana je dala Mariji njeno knjigo. (Ана ѝ ја дала на Марија нејзината книга.)
  • Ana je dala Mariji svojo knjigo. (Ана ѝ ја дала на Марија својата книга.)

Српски[уреди]

Примери за повратни заменки во српскиот (но и во хрватскиот, босанскиот, црногорскиот и српскохрватскиот) се:

  • Ana je dala Mariji njenu knjigu. (Ана ѝ ја дала на Марија нејзината книга.)
  • Ana je dala Mariji svoju knjigu. (Ана ѝ ја дала на Марија својата книга.)

Унгарски[уреди]

  • Beszélek magamról. (Јас зборувам за себе.)
  • Beszélsz magadról. (Ти зборуваш за себе си.)
  • Beszél magáról. (Тој (таа, тоа) зборува за себе си.)
  • Beszélünk magunkról. (Ние зборуваме за себе си.)
  • Beszéltek magatokról. (Вие зборувате за себе си.)
  • Beszélnek magukról. (Тие зборуваат за себе си.)

Хрватски[уреди]

Облиците на повратните заменки во хрватскиот јазик (но и во српскиот, босанскиот, црногорскиот и српскохрватскиот) по падежи се:

padež ном./вок. ген. дат. аку. лок. инс.
целосно sebe sebi sebe sebi sobom
кратко se si se / /

Поврзано[уреди]