Петре Николоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петре Николоски
Роден(а)1959
Прилеп, НР Македонија НР Македонија
Занимањескулптор

Петре Николоски (Прилеп, 1959) - македонски и британски скулптор. Живее и создава во Велика Британија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Николоски е роден во Прилеп во 1959 година. Дипломирал на Факултетот за применети уметности во Белград, отсек скулптура, а во 1989 година магистрирал на истиот. Во 1993 година заедно со скулпторот Глигор Стефанов, Николоски изложувал на 45. Биенале во Венеција како претставник на Македонија. Селектирани самостојни изложби реализирал во: Панчево, Мосраз, Рединг, Тасманија, Ланкашир, Лидс, Скопје и мн. други. Во 2018 година Националната галерија на Македонија во рамките на годишната програма ја организирала изложбата „Бесконечност“ (Infinity). Николоски од 1990 година живее и твори во Мејденхед, во близина на Лондон, Велика Британија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]