Прејди на содржината

Педро Пичардо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Педро Пабло Пичардо
Пичардо на митингот во Доха во 2015
Лични податоци
Роден(а)30 јуни 1993(1993-06-30)(31 г.)
Сантјаго де Куба, Куба
Висина&100000000000001850000001,85 м
Тежина71 kg (157 lb)
Спорт
Земја Куба
СпортАтлетика
ДисциплиниТрискок
Успеси и титули
Лични рекорди
  • трискок: 18.08 м (2015)

Педро Пабло Пичрдо Пералта (роден на 30 јуни 1993 г.) — кубански атлетичар кој се натпреварува во дисциплината трискок. Тој бил светски јуниорски шампион во својата дисциплина во 2012, а на Светското првенство 2013 го освоил сребрениот медал. Тој исто така бил „сребрен“ на Светското првенство 2015.

Неговиот скок од 17.76 метри бил најдобар скок во 2014 година. Во 2015 тој прескокнал 18.08 метри со што остварил трети најдобар резултат на сите времиња и најдобар резултат по 1996 година.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Првиот медал во кариерата на меѓународни првенства, Пичардо го освоил на јуниорското првенство на Средна Америка во 2012, каде со прескокнати 16.40 метри успеал да го освои златниот медал. Две недели подоцна, на светското јуниорско првенство во Барселона, кубанецот станал светски јуниорски шампион откако успеал да прескокне 16.79 метри.

Во февруари 2013, Пичардо за првпат ја прескокнал границата од 17 метри, прескокнувајќи 17.16 метри во Хавана. На почетокот на јуни, повторно во Хавана, тој го поставил најдобриот светски резултат дотогаш во годината откако успеал да прескокне 17.69 метри. На Светското првенство 2013 во Москва, Пичардо прескокнал 17.68 метри кои биле доволни за сребрениот медал зад Теди Тамго кој го подобрил најдобриот резултат во годината на 18.04 метри.[2]

Во 2014, тој го освоил бронзениот медал на Светското првенство во сала во Сопот, прескокнувајќи 17.24 метри во шестиот обид. Истата година тој го поставил најдобриот резултат во годината откако во Хавана прескокнал 17.76 метри.

На 8 мај 2015, во Хавана, Пичардо поставил нов кубански рекорд во трискок, прескокнувајќи 17.94 метри, со што го соборил 18. годишниот рекорд на Јоелби Кесада од 17.85 метри..[3] Една недела подоцна, на митингот од дијамандската лига во Доха, кубанецот за првпат во својата каериера ја прескокнал границата од 18 метри, прескокнувајќи 18.06 метри, со што повторно поставил нов кубански рекорд. Американецот Кристијан Тејлор завршил веднаш зад Пичардо со скокот од 18.04 метри, со што за првпат во историјата на дисциплината биле прескокнати два скока преку 18 метри на еден митинг.[4]

На 28 мај 2015 во Хавана, Пичардо третпат во годината го подобрил кубанскиот рекорд во трискок прескокнувајќи 18.08 метри, резултат кој претставува трето најдобро остварување на сите времиња.[5]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
Год Првенство Место Позиција Дисциплина Резултат
2012 Светско јуниорско првенство Шпанија Барселона Прво Трискок 16.79 м
2013 Светско првенство Русија Москва Второ Трискок 17.68 м
2014 Светско првенство во сала Полска Сопот Трето Трискок 17.24 м
2015 Панамерикански игри Канада Торонто Прво Трискок 17.54 м
Светско првенство Кина Пекинг Второ Трискок 17.73 м

Лични рекорди

[уреди | уреди извор]
Дисциплина Резултат Место Датум
Трискок На отворено 18.08 м Куба Хавана, Куба 28 мај 2015
Во сала 17.32 м Чешка Прага, Чешка 25 февруари 2014
  1. „Triple Jump – men – senior – outdoor“. iaaf.org. Посетено на 2015-05-28.
  2. France's Teddy Tamgho wins world triple jump gold france24.com; 18.08.2013
  3. Jon Mulkeen; Andrea Buongiovanni (8 May 2015). „Pichardo breaks Cuban triple jump record with 17.94m“. IAAF. Посетено на 8 May 2015.
  4. „Pichardo vs Taylor clash in Doha is greatest triple jump competition ever – IAAF Diamond League“. iaaf.org. Посетено на 2015-05-28.
  5. „Pichardo triple jumps 18.08m in Havana“. iaaf.org. Посетено на 30 May 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Спортски позиции
Претходник
Русија Алексеј Федоров
Светски јуниорски шампион во трискок
15 јули 2012 – 27 јули 2014
Наследник
Куба Лазаро Мартинес