Паша амам (Солун)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Паша амам
Πασά Χαμάμ
Pasha Hamam
Pasha Hamam, Thessaloniki.JPG
Општи податоци
Типамам
Стилосманлиска архитекрура
ГрадСолун, Егејска Македонија
ЗемјаГрција
Почната16 век

Паша амам (грчки: Πασά Χαμάμ, турски: Pasha Hamam) — поранешна османлиска бања која се наоѓа во Солун, Грција.

Амамот се наоѓа меѓу улиците „Пиниос“, „Калвос“ и „П.Караџас“, во близина на црква „Св. Апостоли“.

Бањата била изградена во периодот од 1520 до 1530 година од Џезери Заде Коџа Касим Паша, еден од везирите на султаните Бајазит II и Селим I, кој бил назначен за гувернер на Солун, кога на престолот застанал Сулејман Величествениот. Во исто време, Касим Паша ја претворил црква „Св. Апостоли“ во џамија.