Октоих

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрагмент од Кичевскиот октоих

Октоих[1][2] (грчки: Ὀκτώηχος) или осумгласникправославна богослужбена книга, збирка песни посветени на Христовото воскресение. Сите песни во осумгласникот се подредени според осум црковни гласови - од I до VIII според словенското обележување. Песните од еден глас се пеат во текот на една седмица, а низата од осум недели, кога ќе се изредат сите гласови на осумгласникот, се нарекува столп. Циклусот започнува во првата недела по Педесетница со првиот глас и се обновува сѐ до Лазарова сабота.

Редоследот на променливите богослужби претставени во октоихот е следниов: неделна служба на првиот глас, понеделничка служба на првиот глас, во вторник, во среда, во четврток, во петок и во сабота, потоа неделна служба на вториот глас, понеделничка служба на вториот глас, вторничка и така натаму до сабота, потоа неделна служба на трет глас, понеделничка служба на трет глас . . . и така натаму, по ист редослед за сите седмични служби за сите осум гласови. Пеењето на сите осум гласови во текот на осумте недели во црквениот типик се нарекува „столп“ (столб).

Во текот на богослужбената година се пеат шест такви столпови. Пеењето на осумгласници во работните денови започнува на неделата на Сите светци по Педесетница, а завршува пред сабота на Месопусната недела. Во периодот на Велигденските пости, потоа за време на Сирната седмица што му претходи, и Страсната седмица на нејзиниот крај, како и во периодот од Велигден до Духовден, во работните денови не се пее според октоих. Во недела, не се пее осумгласник од Цветници, завршувајќи со неделата на Сите светци. Покрај тоа, ако еден од дванаесетте Господови празници паѓа во недела или работен ден, октоихот исто така не се користи. Осумгласникот не се користи дури и кога некој Богородичен празник или празникот на светител падне во работен ден.[3]

Поради обемноста на содржината, осумгласниците честопати биле поделени во две книги: Октоих првогласник (I-IV глас) и октоих петтогласник (V-VIII глас).[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „октоих“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „октоих“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Bogosluzbeni/Liturgika/Liturgika_08.htm Архивирано на 4 ноември 2012 г. ПОЈМОВНИК ПРАВОСЛАВНОГ БОГОСЛУЖЕЊА. 7. БОГОСЛУЖБЕНЕ КЊИГЕ, Књиге за заједничко богослужење
  4. Душанић 1973.