Прејди на содржината

Типик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Студенички типик

Типик[1][2] (грчки: τυπικό) — збир на пропишани правила (зборник), кој го содржи начинот и редоследот на вршење на црковните богослужби.

„Типик е целосен црковен устав според кој се раководи свештенството во конкретни богослужбени ситуации.[3]

Типикот е поделен на три дела:

  • Општ дел - го одредува редоследот на богослужбите и светите дејствија на Велигден и обичните денови, на празници, работните и саботните денови. Општиот дел продолжува со упатства за молитвите и читањата, песните и свештеничките активности во текот на годината, а на крајот се изнесени правилата за животот и владеењето на монасите.
  • Вториот дел - ги наведува упатствата за менување на песните и свештенодејствијата во сите денови по месец - месечно, потоа во Посниот и Цветниот триод.
  • Третиот дел - ги наведува упатствата за променливите песни на неделниот и годишниот циклус, а тоа се тропари, кондаци, ипакои, ексапостилари, светилни, троични, прокимени и причесни. Типикот завршува со излагање на Пасхалија.

Првиот типик е од Св. Сава Осветениот од шестиот век, наречен Ерусалимски типик. Тој бил дополнет од Св. Јован Дамаскин во осмиот век, потоа е пренесен и дополнет во Цариград под името Цариградски типик.[4]

  1. „типик“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „типик“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. ОСНОВЕ ПРАВОСЛАВНОГ БОГОСЛУЖЕЊА, ИМС, Београд (Москва)
  4. Таковски, Јован, протојереј (1999). „Терминологија од областа на теологијата“ (PDF). Македонска терминологија. Скопје: МАНУ. 102 (4): 99.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]