Нил Деграс Тајсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нил Деграс Тајсон
Tyson - Apollo 40th anniversary 2009.jpg
Тајсон на 40. годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината, Вашингтон, јули 2009
Роден 5 октомври 1958
Менхетн, Њујорк, САД[1]
Живеалиште Менхетн, Њујорк, САД
Полиња Астрофизика, физичка космологија, популаризација на науката
Установи Планетариум Хајден, Пи-Би-Ес (PBS), Планетарно друштво (англиски: Planetary Society)
Образование Универзитет Харвард (Диплома за уметности)
Тексашки универзитетот во Остин (Мастер)
Универзитет Колумбија (Мастер по филозофија, Доктор по филозофија)
Влијание од Исак Њутон, Карл Сејган, Ричард Фајнман, Алберт Ајнштајн
Поважни награди Медал од НАСА за услуга на општеството
Меморијална награда Клопстег (2007)
Сопружник Алис Јанг
(1988–денес; 2 деца)

Нил Деграс Тајсон (роден 5 октомври, 1958) — американски астрофизичар, космолог, автор, и популаризатор на науката. Моментално е директор на планетариумот Хајден при институтот за Земјата и Вселената Роуз и научен соработник во одделот за астрофизика при Американскиот музеј за природна историја. Од 2006 до 2011, бил водител на научната емисија NOVA ScienceNow на PBS и бил чест гостин на The Daily Show, The Colbert Report, и Real Time with Bill Maher. Од 2009, тој го води неделното радио шоу StarTalk. Во 2014, Тајсон бил домаќин на емисијата Cosmos: A Spacetime Odyssey, продолжение на емисијата на Карл Сејган, Cosmos: A Personal Voyage од 1980 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Science Foundation (1 јануари, 2011). „Neil deGrasse Tyson – Called by the Universe“. YouTube. http://www.youtube.com/watch?v=xKOoTRE1HUc#t=17m19s. посет. 9 февруари, 2012 г. 
  2. „Cosmos – A Spacetime Odyssey“. Fox. http://www.cosmosontv.com/. посет. 25 октомври 2014 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: