Никола Лазаревски
Изглед
| Никола Лазаревски | ||
| Роден | 29 март 1931
Скопје, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Починал | 4 декември 2002
Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Занимање | сликар педагог | |
Никола Лазаревски (роден на 29 март 1931 година во Скопје - починал на 4 декември 2002 година во Скопје) — македонски филмски сценограф.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Никола Лазаревски своето средно образование го завршил на архитектонски отсек во Скопје. Во кинематографијата влегол во 1953/54 година кога се вработил во продуцентската куќа „Вардар филм“ - Скопје. Работел како асистент-сценограф, а продолжил како сценограф, иако понекогаш работел и како организатор, асистент на режија и директор на филм. Како пензионер, од 1988 година продолжил да работи на одредени филмски проекти.
За својата работа на филмот, добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои:
- Златна арена за сценографија за филмот Македонска крвава свадба, на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1968)
- Златна плакета за сценографија за филмот Среќна Нова '49 на Третата смотра на југословенската сценографија, костими и музика, Младеновац (1986)
- Награда „13 Ноември“
- Награда „11 Октомври“[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лазаревски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 784. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Лазаревски Никола“. http://www.maccinema.com. Посетено на 2020-08-17. Надворешна врска во
|publisher=(help)