Никола Димитровски - Грчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никола Димитровски - Грчето
Никола Димитровски Грчето.jpg
Роден 13 мај 1924
Скопје
Починал 28 април 1945
Винковци, Хрватска
поради инфекција на прострелна рана
Националност Македонец
Занимање Револуционер и борец за слобода на Македонија

Никола Димитровски - Грчето (13 мај 1924 во Скопје28 април 1945 во Винковци, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода како учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Никола потекнувал од работничко семејство. Откако го завршил основното образование тој веднаш се вработил како столар, кај некој скопски мајстор, од каде го засакал резбарскиот занает. Како член на УРС-овите синдикати, тој зел учество во нивните акции како и во демонстрациите организирани на 27 март 1941 година.[1]

Веднаш по окупацијата на земјата се вклучил во оружената борба против окупаторот. Учествувал во диверзантски акции, набавувал експлозив, каписли, бомби, пушки, револвери и друго. Воедно станал постојана врска со Првиот скопски партизански одред.[1]

Бидејки полициските агенти му влегле во трагата, тој се обидел да се префрли во одредот, но истите го препознале и го затвориле. Бил осуден на 15 години затвор. На 28 јуни 1944 година, заедно со заедно со Васил Ивановски, Димитрија Алексовски - Пекар и Перо Ивановски, избегал од затворот Идризово.[2] Веднаш потоа се приклучил на Третата македонска ударна бригада, каде станал заменик на политичкиот комесар на Првиот младински ударен баталјон.[1]

На 28 август 1944 година, учествувал во ослободувањето на околу 300 политички затвореници од завторот во Идризово. Потем учествувал во тешките борби кај Глумово и Крушопек, па во борбите за ослободувањето на Велес и Скопје. Со Бригадата продолжил да ги гони балистичките банди кон населбата Ѓорче Петров, Тетово и натаму, се до нивното конечно уништување.[1]

Веднаш потоа заминал на Сремскиот фронт. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на фронтот. На 16 април во жестоките битки за Врпоље, бил ранет в нога. По извесно време добил инфекција и починал, во близина на Винковци на 28 април 1945 година, откако му биле извршени неколку операции.[1]

Архивот на Македонија, во 1997 година издаде монографија за Никола Димитровски, а како автор се јавува Стојан Илиќ-Каталенац.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 54–55. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Илиќ-Каталенац, Стојан (1997). Никола Димитровски-Грчето. Архив на Македонија. ISBN 978-9989-622-00-7.