Неаполи

Координати: 40°39.12′N 22°56.30′E / 40.65200° СГШ; 22.93833° ИГД / 40.65200; 22.93833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Неаполи
Νεάπολη
Неаполи is located in Грција
Неаполи
Неаполи
Местоположба во регионот
Неаполи во рамките на Неаполи-Сикјес
Неаполи
Местоположба на Неаполи во општината Неаполи-Сикјес и областа Централна Македонија
Координати: 40°39.12′N 22°56.30′E / 40.65200° СГШ; 22.93833° ИГД / 40.65200; 22.93833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаНеаполи-Сикјес
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.27.084
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Неаполи (грчки: Νεάπολη) — населба во Солун, Егејска Македонија. Во населбата е сместена црквата „Св. Ѓорѓи“, катедрала на Неаполско-ставруполската епархија[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во северозападниот дел на урбаното подрачје на Солун.

Историја[уреди | уреди извор]

Неаполи е основано во 1922 г. од грчки доселеници од Мала Азија, поточно од градот Невшехир во Кападокија. Новата населба го добила името Неаполи по грчкиот назив на Невшехир.

Населбата за првпат се спомнува на пописот од 1928 г. со 6.500 жители.[3] Во 1934 г. со владина наредба кон Неаполи се припоени помалите доселенички населби Анагенисис, Троас, Омонија и Кунтурјоти.[3] Со приклучувањето на другите населби како и близината на Солун, населбата почнала брзо да расте, така што во 1940 г. населението веќе се накачило на 13.052 лица.

Веднаш по Втората светска војна Неаполи е прогласено за градска населба со своја општина.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 13.052 14.825 17.586 21.903 31.464 30.568 30.279 27.084
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Ι.Μ.Ν.Αγ.Γεωργίου Νεαπόλεως“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 22 мај 2014. Посетено на 22 мај 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 335. ISBN 9989-9819-6-5.