Начертание

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Начертаније)
Прејди на: содржини, барај
Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.
Бугарска пропаганда
Грчка пропаганда
Српска пропаганда
Католичка пропаганда
Протестантска пропаганда
Романска пропаганда
Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди

Начертание (српски: Начертаније = нацрт) — поранешна тајна програмата за надворешната и националната политика на Србија,[1] која кон крајот на 1844 година ја напишал министерот за внатрешни работи Илија Грашанин (1812-1874) за кнезот Александар Караѓорѓевиќ (1842-1858).[2] За првпат оваа програма во целост била објавена во 1906 година.

Според Начертание, Србија треба да работи на ослободување на Србите и другите Словени и припојување на површина од Босна, Херцеговина, Црна Гора и Северна Албанија (што значи Косово и Метохија)[3] кои тогаш се наоѓаат во рамките на Отоманската империја, како и Срем, Бачка и Банат, тогаш дел од Австро-Унгарија. Основната дејност на српската пропаганда според овој документ треба да се заснова на подготовка на населението на овие области на заедницата со Србија.[2] Според Грашанин Србија има „историческо свето право“ на овие земји, кое се темели на царството српскиот цар Душан од XIV век.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]