Национален парк Лоренц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национален парк Лоренц
Taman Nasional Lorentz
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Puncakjaya.jpg
Пунчак Џаја на северозападниот раб на националниот парк
Lorentz National Park map-en.svg
Карта на Националниот парк Лоренц
МестоПапуа, Индонезија
Најблизок градТимика
Координати4°45′S 137°50′E / 4.750° ЈГШ; 137.833° ИГД / -4.750; 137.833Координати: 4°45′S 137°50′E / 4.750° ЈГШ; 137.833° ИГД / -4.750; 137.833
Површина25.056 km2 (9,674 sq mi)
Воспоставен(а)1997
Управно телоМинистерство за животна средина и шумарство
Светско наследство1999
Мрежна страницаtamannasionallorentz.menlhk.go.id
Светско наследство на УНЕСКО
КритериумПрироден: viii, ix, x
Навод955
Запис1999 (XXIII заседание)

Националниот парк Лоренцнационален парк кој се наоѓа во Папуа, Индонезија, југозападно од Западна Нова Гвинеја. Со површина од 25.056 км2, тој е најголемиот национален парк во југоисточна Азија. Во 1999 година Лоренц била прогласен за светско наследство од УНЕСКО.

Извонреден пример за биоразновидноста на Нова Гвинеја, Лоренц е еден од еколошки најразновидните национални паркови во светот. Тоа е единствениот природен резерват во азиско-пацифичкиот регион кој содржи целосна висинска низа на екосистеми кои се движат низ поморските области, мангровите, плимните и слатководните мочуришни шуми, низинските и планинските дождовни шуми, алпската тундра и екваторските ледници. Со 4.884 метри, Пунчак Џаја (порано наречен Карштенсова Пирамида) е највисоката планина помеѓу Хималаите и Андите.

Birdlife International го нарекле паркот Лоренц „веројатно единствениот најважен резерват во Нова Гвинеја“.[1] Содржи пет од екорегионите „Глобал 200“ на Светскиот фонд за природа: Јужните новогвинејски низински шуми; Новогвинејските планински шуми; Новогвинејските централномасивски подалпски пасишта; Новогвинејските мангрови; и Новогвинејските реки и потоци.[2]

Паркот Лоренц содржи многу некартографирани и неистражени области и сигурно содржи многу видови растенија и животни кои сè уште се непознати за западната наука. Етноботаничкото и етнозоолошкото знаење на месните заедници за флората и фауната во Лоренц е исто така многу слабо документирано.

Паркот е именуван по Хендрик(ус) Алберт(ус) Лоренц, холандски истражувач кој поминал низ областа на неговата експедиција од 1909-1910 година.

Човечки живеалишта и култура[уреди | уреди извор]

Областа на националниот парк е населена повеќе од 25.000 години. Шумите во Лоренц ги опфаќаат традиционалните земји на осум домородни етнички групи,[3] вклучувајќи ги Асмати, Амунги, Дани, Семпани и Ндуги. Проценките за сегашното население варираат помеѓу 6.300 и 10.000.[3]

Широко е прифатено дека стратегиите за управување со зачувувањето на паркот ќе мора да ги вклучат потребите и аспирациите на овие народи ако паркот сака да успее во заштитата на биолошката разновидност. Покрај тоа, културната разновидност е уште една важна мерка за успех на паркот.

Еколошки закани[уреди | уреди извор]

Главните закани за биолошката разновидност на Лоренц се од комерцијалната сеча, преобразувањето на шумите за земјоделство на плантажи, пренамена на земјоделски мали стопанства, рударството/нафтата/гасот, нелегалната изградба на патишта и нелегалната трговија со видови. Глобалното затоплување, исто така, претставува значителна закана.

Почнувајќи од 2005 година, нема пријавено комерцијална сеча или други големи закани присутни во паркот. Во моментов нема активни проекти за пренамена на шумите, а пренамена на земјоделството е минимална. Познато е дека нелегалната трговија со видови е сериозен проблем. Големата операција за ископување злато/бакар во Фрипорт е активна со децении на запад и север од паркот, но не е активна внатре во границите на паркот. Истражувањето на нафта внатре и североисточно од паркот е во тек.

Целокупното здравје на биоразновидноста на паркот Лоренц моментално е одлично. Додека сечата и другите закани допрва треба да се материјализираат, веројатно е дека тоа ќе стане закана во иднина. Климатските промени претставуваат многу реална закана, но нивните специфични импликации за Лоренц се неизвесни.

Зачувување[уреди | уреди извор]

Првата формална заштита на 3.000 км² јадрото на пределот на Лоренц била применета од холандската колонијална власт во 1919 година со основањето на Споменикот на природата Лоренц. Во 1978 година, индонезиската влада создала строг природен резерват со површина од 21.500 км². Националниот парк Лоренц бил основан во 1997 година, со вкупна површина од 25.056 км², вклучувајќи источно проширување и крајбрежни и морски области.[4]

Националниот парк Лоренц бил наведен како природно светско наследство во 1999 година, но на површина од околу 1.500 км² бил исклучен од списокот поради присуството на појави на рударско истражување во паркот.[5]

Почнувајќи од 2005 година, немало кадар или чувари паркот вработени во Лоренц. Сепак, успехот на паркот во голема мера зависи од разбирањето на месните заедници и поддршката за зачувување, наместо само од надворешното спроведување. Неколку организации за заштита работат во областа на Лоренц.

Во 2006 година, министерот за шумарство создал управна структура за Националниот парк Лоренц, Бирото за националниот парк Лоренц со седиште во Вамена. Бирото станало функционално дури во 2007 година, а во средината на 2008 година достигнало 44 вработени. Меѓутоа, една надзорна мисија на УНЕСКО во 2008 година се изјаснила дека капацитетот на Бирото е сериозно ограничен поради недостигот на финансии, опрема и искуство.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Birdlife International, 1999, Посетено на 9 ноември 2021
  2. WWF Ecoregions, Посетено на 9 ноември 2021.
  3. 3,0 3,1 UNESCO: WHC Nomination Documentation, 1999, Посетено на 9 ноември 2021.
  4. UNESCO Data on Lorentz, Посетено на 9 ноември 2021.
  5. 5,0 5,1 UNESCO: Reactive Monitoring Mission to the Lorentz World Heritage Site, Indonesia, 2008, Посетено на 9 ноември 2021.

 

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]

  • Petocz, Ronald G. (1989). Conservation and Development in Irian Jaya. Leiden: E.J. Brill.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]