Надежда Дурова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Надежда во офицерска униформа

Надежда Андреевна Дурова (17 септември 1783 - 21 март 1866), исто така позната како Александар Дуров, Александар Соколов и Александар Андреевич Александров, била жена која додека маскирана како маж, станала војник од висок ранг во Руската коњица за време на Наполеоновите војни. Таа е првиот познат женски офицер во руската војска. Нејзиниот мемоар, Кавалерист-девица, е значаен документ од нејзиното време, бидејќи мал број офицери од Наполеоновите војни ги објавиле своите искуства, и бидејќи е еден од најраните автобиографии на руски јазик.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Надежда Дурова е родена во армиски камп во Киев, ќерка на руски мајор. Како мало дете, Дурова ги научила сите стандардни наредби за марширање и нејзината омилена играчка беше празен пиштол.[1]

Надежда Дурова на околу 13 годишна возраст

Откако нејзиниот татко се повлече од служба, таа продолжи да игра со скршени сабји и го исплаши нејзиното семејство со тоа што тајно припитомила пастув кој тие сметале дека не може да се припитоми.[2] Во 1807 година, на возраст од 24 таа се маскирала како момче, ги оставила синот и сопругот, и со нејзиниот коњ Алкид, стана дел од еден полски улански полк под алиасот Александар Соколов.

Дурова беше голем патриот и го сметала животот во армијата за слобода. Таа ги сакаше животните и природата, а чувствувала дека има малку талент за “традиционално женствена“ работа.

Воена служба[уреди | уреди извор]

Таа се бореше во главните руски ангажмани во пруската кампања од 1806-1807. Во текот на две од овие битки, таа ги спаси животите на двајца колеги руски војници. Првиот беше регрут кој паднал од коњот на бојното поле и доживеа потрес на мозокот. Таа му даде прва помош под тежок оган и го однесе на безбедност. Вториот беше офицер, паднал од коњот но бил неповреден. Тројца француски драгуни ги опкружувале. Таа го крена нејзиното копје и го отера непријателот. Потоа, против прописите, таа му дозволи на офицерот да го позајми нејзиниот коњ да го забрза неговото повлекување, што ја остави повулнерабилна на напади.

Во текот на кампањата, таа напиша писмо до нејзиното семејство објаснувајќи го нејзиното исчезнување. Тие ги користеле нивните врски во очајнички обид да ја лоцираат. Гласините за Амазонка во војската достигнаа до цар Александар I, кој презеде личен интерес. Колегите на Дурова објавиле дека нејзината храброст беше неспоредлива. Повикана во палата во Санкт Петербург, таа толку го импресионирала Царот што тој и го додели Крстот на Свети Ѓорѓи и ја промовирал како поручник во хусарна единица. Приказната дека имало хероина во армијата со името Александар Соколов стана добро позната во тоа време. Па Царот ја наградил со нов псевдоним, Александров, врз основа на неговото име.[3]

Младешкиот изглед на Дурова и наштети на нејзините шанси за промоција. Во ера кога се очекуваше руските офицери да имаат мустаќи изгледала како момче на 16 години. Таа се премести далеку од Хусарите во Литванскиот Улански полк, со цел да ја избегне ќерката на полковникот која се заљубила во неа. Дурова повторно виде акција за време на инвазијата на Русија од Наполеон во 1812 година. Таа се бореше во Битката кај Смоленск. За време на Битката на Бородино била ранета во ногата од топ, но таа продолжила да служи во војската уште неколку дена подоцна, сè додека нејзиниот командант не и наредил да престане за да закрепне. Таа се повлече од армијата во 1816 година со ранг на ротмистр, еквивалентен на капетанот.[3]

Една случајна средба ја запозна со Александар Пушкин дваесетина години подоцна. Кога тој дозна дека таа водела дневник за време на нејзината воена служба ја охрабрувал да го објави како мемоар. Таа додаде позадина за нејзиното рано детство, но ја променила нејзината возраст за 7 години и ги отстрани сите спомнувања на нејзиниот брак. Дурова го објави ова како Кавалерист-Девица во 1836 година. Дурова исто така напишала 4 романи и се залагаше за правата на жените. Таа почина во Јелабуга и беше погребана со сите воени почести.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mersereau, John Jr.; Lapeza, David (1988). Nadezhda Durova: The Cavalry Maid. Ardis. ISBN 0-87501-032-6.
  2. Mersereau & Lapeza, p. 21
  3. 3,0 3,1 3,2 (руски) Rulex.ru

Надворешни врски[уреди | уреди извор]